Nature's Aloe Vera Memory Над-душек 5см
Подобрете ја секоја површина за спиење со овој исклучително удобен и прилагодлив над-душек. Јадрото е направено од мемори пена која создава удобност, го намалува притисокот и го подобрува држењето на 'рбетот. Навлаката е збогатена со третман од Aloe Vera за пријатно чувство. Навлаката може да се вади и да се пере во машина. На долниот дел има точки кои спречуваат лизгање на над-душекот.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Подобрете ја секоја површина за спиење со овој исклучително удобен и прилагодлив над-душек. Јадрото е направено од мемори пена која создава удобност, го намалува притисокот и го подобрува држењето на 'рбетот. Навлаката е збогатена со третман од Aloe Vera за пријатно чувство. Навлаката може да се вади и да се пере во машина. На долниот дел има точки кои спречуваат лизгање на над-душекот.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Максимална удобност на било која површина
Aloe Vera Memory над-душекот 5 см. е совршено решение за подобрување на сите површини за спиење, особено како премногу цврст душек или стара софа. Со негово поставување, веднаш ќе забалежите неверојатно чувство на мекост и удобност. Мемори пена омекнува дополнително штом е изложена на телесна топлина и создава пријатна лулка што го намалува притисокот додека полека тонете во удобен сон.
Горниот дел има форма на мали пирамиди кои имаат воздушни канали и со помош на AirX системот, го одржуваат над-душекот сув. CleanEffect™ третманот во навлаката делува против бактерии, мувла и прашински грини, додека додатокот од алое вера дава чувство на мазен и нежен допир.
Уживајте во мекоста на мемори пената
Aloe Vera Memory Над-душекот 5см.™ има јадро од мемори пена кое одговара на температурата и обликот на вашето тело. Контурите од мемори пена можат:
- да го намалат притисокот кој го создава телото,
- да го подобрат држењето на 'рбетот, особено е идеално за оние кои спијат на страна и немаат доволно баланс на нивните раменици и колкови.
Ова ќе ви помогне да се релаксирате и да се опуштите во пријатен сон.
Свежина преку целата ноќ
Покрај неверојатната удобност што ја обезбедува овој над-душек, ќе уживате и во освежителен сон.
Површината од мемори пената има форма на мали пирамиди кои обезбедуваат максимален проток на воздух и даваат чувство на свежина.
Страните од над-душекот се изработени од AirX System™ со што вашето тело ќе остане свежо и суво во текот на целата ноќ.
Здрава површина за спиење е хигиенска површина за спиење
-
Aloe Vera третман
- Ја подобрува мекоста и чувството на нежност
- На вашата средина за спиење дава посебен природен и нежен допир
-
CleanEffect® третман
- Заштита од микроби
- Заштита од бактерии
- Заштита од прашински грини
-
AirX System
- Обезбедува постојан проток на воздух
- Помага во одржување на пониска температура
-
Јадро кое може да се пере
- Навлаката може да се вади и да се пере во машина
- Се пере на 40°C
Практичен, лесен за складирање и со многу намени
Овој лесен над-душек, лесно се витка за складирање или транспорт, има пристапни цени и е практичен додаток на вашата колекција производи за квалтиетен сон, за дома или надвор.
-
Софа
-
Мал стан
-
Викендица
-
Кампување
-
Караван
-
Фестивал
-
Студентски дом
-
Играње / Вежбање
Едноставен за чување и транспорт
Лесно се складира и можете да го понесете секаде каде што ќе ви биде потребно.
Поставувањето е брзо и едноставно
Вашиот нов над-душек ќе го добиете вакумски спакуван во ролна. Сите наши над-душеци се компресирани, благодарение на еколошкиот процес на транспорт.
-
1
Внимателно исечете ја надворешната ќеса со ножици и внимавајте да не ја исечете пластичната ќеса во внатрешноста. Не користете нож.
-
23
Одвијткајте го над-душекот на каучот. Внимателно исечете ја ќесата на рабовите и отстранете ја.
-
4
Дозволете најмалку 6 часа, вашиот над-душек целосно да се оформи.
- Технички карактеристики
-
Анти-бактериски третман Да Висина 5 см Дормео линија Comfort Дормео програма спиење Мемори пена Да Навлака која се пере Да