Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Создаваме брендови

кои луѓето ги сакаат

Приказната за нас

Сè започна во 1992 година во Словенија. Тогаш, бевме компанија за директна продажба која беше лоцирана во Словенија, со само еден бренд - Космодиск, кој нудеше ефикасни решенија за болки во грбот. Бевме мал тим, но, желни да правиме добро.

Од кога почнавме со продажбата на првите нашите производи, речиси пред 3 декади, Студио Модерна порасна во интернационален бизнис и водечки синџир за малопродажба во повеќе канали во Централна и Источна Европа, присутен во 31 земја со вкупен досег од 360 милиони потенцијални купувачи.

Денес вработуваме повеќе од 7000 луѓе и нашата мисија не е променета – сакаме да им помогнеме на нашите купувачи да го променат животот на подобро.

Веќе 30 години, Студио Модерна ги претвора идеите во иновативни производи за посреќен, почист, поактивен и поздрав живот. Нашите регистрирани брендови се фокусираат да го направат домот на нашите купувачи, нивно засолниште. Тие нудат производи за готвење, спиење, чистење, вежбање, убавина, велнес и многу повеќе.

Ги нудиме нашите производи на интернет, во нашите продавници, преку директна телевизиска продажба, телефонска продажба, каталози и со нашите франшизни партнери. Нашата цел е да го направиме купувањето лесно и достапно за нашите купувачи.

Присутни сме во

21 држава во Централна и Источна Европа

Нашите брендови допираат до

360 милиони потенцијални купувачи

Емитуваме

180+ часови реклами дневно на 300+ ТВ канали

Имаме

180+ интернет продавници, 500+ лендинг страници

и сме активно присутни на

100+ ФБ страници и ИГ профили

Имаме

35 локални кол-центри со 3000 добро обучени агенти

350.000+ луѓе секојдневно ги посетуваат нашите страници

Дистрибуираме

15 милиони+ каталози и 100 милиони+ текстуални пораки годишно

Нашите производи се достапни во

390+ сопствени брендирани продавници и 100+ партнерски продавници

Нашите брендови

Нашите докажани брендови допираат до милиони луѓе во нивните домови за да им го поедностават и подобрат секојдневниот живот.

Тие се грижат за различни области, од спиење, готвење, чистење, до вежбање, убавина, велнес и повеќе. Сите заедно, прават разлика во тоа како семејствата уживаат во животот дома.

За квалитетен сон

Dormeo – од 2002 година

DORMEO® е експертски бренд за решенија во домот и спиењето, кој создава хармонија со секој производ кој го имаме. Нашата приказна започна во 2002 год. со еден душек од пена.

Денес, DORMEO® нуди висококвалитетни производи за спиење и живеење: душеци, над-душеци, перници, јоргани, постелнина, производи за дневната соба, додатоци за бањата и е експерт за решенија во спиењето со повеќе од 300 производи во своето портфолио. Брендот DORMEO® нуди квалитетен сон на повеќе од 12 милиони луѓе во Европа и е присутен во 40 земји низ светот.

Сигурни сме дека го нудиме најдобриот квалитет и токму поради тоа ги тестираме производите во независни институции и лаборатории кои се лидери во нивното поле. Иновативните технологии и квалитетните материјали кои се користат во DORMEO® производите, обезбедуваат оптимална удобност и здрав сон.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Dormeo

Каде што започнува одличното готвење

DELIMANO – од 2010 година

DELIMANO® е еден од најпрепознатливите брендови за кујнска опрема на пазарот од 21 земја и еден од најбрзо растечките брендови на Студио Модерна, со повеќе од 7,3 милиони задоволни купувачи како доказ. Работиме напорно да им ги овозможиме на нашите купувачи најдобрите материјали, иновативни решенија, неверојатни перформанси и модерен дизајн.

Брендот DELIMANO® нуди иновативен опсег на одлична кујнска опрема која е дизајнирана да овозможи здраво, вкусно готвачко искуство. Ја охрабрува вашата страст за готвење и забава во кујната. Брендот DELIMANO® инспирира и создава креативност за секое време поминато во кујната да биде празнување. Брендот DELIMANO® нуди мали кујнски апарати, садови за готвење, прибор за јадење, алатки и додатоци.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Delimano

 

ROVUS – од 2005 година

Брендот ROVUS® нуди иновативни, ефикасни решенија за грижа и унапредување на домот, кои ќе ви помогнат да го одржувате чист и среден. ROVUS® го зголемува квалитетот на вашиот живот со тоа што ќе го претвори домот во пријатен, естетски, опуштен и здрав простор за живеење.

Портфолиото на ROVUS® вклучува производи за чистење и нега на домот, унапредување на домот и грижа за облеката, производи кои комбинираат функционалност и одлична цена наспроти квалитетни перформанси.

ROVUS® производите чистат со моќта на водата, како пареа или со природни но, ефикасни состојки кои произведуваат еколошки раствори за чистење. Нашата иновативна ROVUS® Nano линија е следниот чекор во еволуцијата во светот на чистењето, гарантирајќи длабинско чистење додека истовремено ја штитат нашата планета.

Пред да ги понудиме на купувачите, ROVUS® производите се тестираат од независни компании за контрола на квалитет (како SGS, SIQI) и секогаш се проверуваат дали ги исполнуваат светските регулативи.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Rovus

 

WALKMAXX – од 2010 година

Удобност, со секој чекор. WALKMAXX® брендот обезбедува иновативни и удобни обувки, со прифатлива цена. Нашата мисија е да им овозможиме на нашите купувачи функционалност, дополнителна удобност и одличен стил со секој пар WALKMAXX® обувки. Брендот WALKMAXX® носи енергија во секојдневниот живот на луѓето и ги инспирира да се движат повеќе.

Без разлика на приликата или сезоната, брендот WALKMAXX® има што да понуди – од зимски чизми до апостолки, сите дизајнирани со внимание и нежна поддршка за стапалата додека се движите. Кога се произведуваат обувките, брендот WALKMAXX® ги користи најдобрите материјали и најновите технологии со цел на купувачите да им го понуди најдоброто за нивните стапала.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Walkmaxx

Enostavno vitalnost

WELLNEO – од 2010 година

WELLNEO® брендот се стреми да зајакне и поддржи здравјето и добросостојбата на луѓето од сите возрасти и животни стилови. Нуди достапни, удобни и сигурни производи кои користат модерни технологии во областа на велнес, убавина и здравје.

Секој од нашите производи се фокусира и помага на одреден проблем: олеснување на болките, слабеење, обликување на телото, опуштање, нега на кожата и обезбедување на саканите резултати. Со брендот WELLNEO® вие ја имате контролата врз вашата добросостојба.

Производите на WELLNEO® се развиени од врвни експерти и докторирани научници, тестирани и потврдени од истражувачки институции и лаборатории. Секое тврдење е научно потврдено и има доказ издаден од сертифицирани организации и власти.

WELLNEO® производите се достапни и лесни за користење во удобноста на вашиот дом.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Wellneo

ТВ-купување

TOP SHOP – од 1996 година

Брендот TOP SHOP® нуди иновативни производи од различни категории. Нашата мисија е да ги направиме секојдневните рутински задачи полесни со тоа што ќе ви понудиме креативни, но, во исто време едноставни производи и решенија.

Кликнете тука за да ја посетите страницата на Top Shop

’Рбетот ќе ви биде благодарен

KOSMODISK – од 1992 година

KOSMODISK® е бренд за безбедно, ефикасно и едноставно решение за проблемите со болки во грбот со повеќе од 25-годишно присуство на пазарот и повеќе од 3 милиони задоволни корисници.

KOSMODISK® беше нашиот прв бренд со кој ја започнавме нашата приказна и нашата мисија да им помогнеме на купувачите да го променат животот на подобро.

Веруваме ...

... дека секој заслужува пристоен живот. Дека секое дете заслужува да оди на одмор, да има вечера во својата чинија.

Веруваме дека природата е нашиот најдобар пријател и најголемата вредност. Веруваме во доброто на луѓето …

и поради ова, вложуваме голем напор и средства да изградиме подобар подобар свет

Општествена одговорност

Сите ние во Студио Модерна сметаме дека сме дел од општеството. Оттука, имаме обврска да подадеме рака на гладните деца, осамените возрасни лица, семејствата кои имаат потреба, жртвите на природни катастрофи … Се вклучуваме во различни хуманитарни настани за да им помогнеме на сите кои имаат потреба од тоа. Студио Модерна има добиено признанение за Бронзен поддржувач на Црвениот Крст на Македонија. Ја краси нашата канцеларија и ни е најубавиот потсетник дека заедно можеме да направиме многу добри дела.

Исто така, како работодавачи, веруваме во човечките вредности, позитивна работна околина и раководство кое го цени потенцијалот, способноста и волјата на секој поединец.

Еколошка одговорност - намалување на влијанието врз природата

Богатствата на земјата не се неисцрпни. Секој треба да биде свесен за тој факт - и ние во Студио Модерна посветуваме посебно внимание на тоа. Знаеме дека нашето влијание е мало, но исто така, веруваме дека секој чекор е важен.

Работиме напорно на обновливи материјали за производите на Dormeo и Delimano.

Производи во склад со еколошките стандарди

  • Еколошки материјали кои можат да се рециклираат

    Секој Dormeo производ е целосно произведен од материјали кои можат да се рециклираат.

  • Ceramica® еколошки материјал во вашата кујна

    Керамичките садови за готвење од Delimano се направени од глина - природен материјал кој не е штетен за нашата планета.

  • Допир на природата во вашиот дома

    Некои од производите на Dormeo се направени од природни материјали како Еукалиптус, Бамбус и Алое вера.

  • Производи кои штедат енергија

    Многи од нашите производи, како Delimano Проточниот бојлер, помагаат во штедењето електрична енергија, а со тоа се грижиме за околината.

Тоа сме ние

Драги наши,
оваа е нашата приказна. За тоа што работиме, што нè инспирира и како придонесуваме на општеството. Никогаш немаше да успееме, ако не беа нашите верни купувачи и врската која ние ја создадовме и негувавме со нив.

Затоа, ви благодариме што сте дел од нашата приказна. Искрено се надеваме дека и во иднина, ќе продолжиме да ви нудиме одлични производи за вас и вашиот дом.

Тимот на Студио Модерна

Сите наши продавници се отворени!

Нарачајте онлајн со достава до дома #останидома