Dormeo 3 во 1 Adapt перница

Перницата Dormeo 3во1 Adapt е целосно приспособлива бидејќи се состои од 2 внатрешни перници со различна цврстина кои можат да се отстранат и една навлака со внатрешно полнење. Совршена е за секој тип на спиење бидејќи овозможува лесно прилагодување на висината и цврстината. Удобноста ќе биде загарантирана благодарение на Wellsleep® микро влакната и памучна навлака која може да се пере на 40°C.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Перницата Dormeo 3во1 Adapt е целосно приспособлива бидејќи се состои од 2 внатрешни перници со различна цврстина кои можат да се отстранат и една навлака со внатрешно полнење. Совршена е за секој тип на спиење бидејќи овозможува лесно прилагодување на висината и цврстината. Удобноста ќе биде загарантирана благодарение на Wellsleep® микро влакната и памучна навлака која може да се пере на 40°C.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Перница која помага во намалување на болките во вратот и рамената
Високо квалитетната перница која ќе ви обезбеди неверојатен сон, ќе ви помогне правилно да се постават вратот и рамената и ќе спречи болки во горниот дел од грбот. Иновативната Dormeo 3во1 Класична перница е специјално дизајнирана за да ја прилагодите висината и цврстината што ја сакате. Навлаката има патент, така што брзо и лесно ќе можете да ја приспособите висината и цврстината, со отстранување на внатрешните слоевите. Благодарение на тоа, оваа перница е идеална за секој начин на спиење – на грб, на стомак или на страна.
3-во-1 систем за максимална персонализација
Без разлика како спиете, оваа перница ќе ви помогне да се чувствувате подобро одморени, посвежи, со поздрав врат и рамена, комбинирајќи 3 начини на спиење во една перница.
- Оние кои спијат на страна, ќе уживаат во удобноста употребувајќи ги двете внатрешни перници заедно со навлаката и да ја наместат потврдата или помеката перница да биде на горната страна, со целосна висина од 28 см. или 23 см. кога ќе ја поставите главата на неа.
- Оние кои спијат на грб, најдобро е да употребуваат само една внатрешна перница, без разлика дали тоа ќе биде поцврстата со висина од 15 см. или помеката која има висина од 9.5 см.
- Оние кои спијат на стомак, најголема удобност, комфорт и намелена болка во вратот и рамената, ќе почувствуваат доколку ги остранат двете внатрешни перници и да спијат само на надворешната навлака која има висина од 3 см. На овој начин, вашиот врат нема да чувствува притисок и ќе се намали напнатоста.
Удобна, мека и комфорна
Сите три перници се исполнети со Wellsleep® микровлакна, кои заедно создаваат илјадници мали воздушни џебови кои даваат целосен волумен и нежна мекост.
Перницата овозможува неверојатна циркулација на воздух бидејќи покрај полнењето кое овозможува проток на воздух, страните од 100% памучната навлака се изработени од мрежеста ткаенина со AirX систем. Со ова се обезбедува континуирана циркулација на воздухот и се спречува прекумерно загревање на главата и телото.
Лесна за употреба и за одржување
Како и сите останати постелнини, и перниците треба редовно да се одржуваат и да се менуваат на секои 2 години за да се одржи чиста и здрава средина за спиење. Сите елементи од перницата можат да се перат во машина на 40°C.
Димензии на перницата 60x40 см. Совршена перница која гарантирано ќе обезбеди подобар сон на секого.
Одржливост
Dormeo 3 во 1 Класичната перница ја добивате во пакување кое може повторно да се употребува. Одлично е за скалдирање играчки, постелнини, облека и слично.
- Технички карактеристики
-
Јадро Wellsleep® напредни микровлакна Димензија 40x60 см. Дормео линија Vitality Дормео програма спиење Навлака 100% памучната навлака со AirX систем.