Нема производи во вашата кошничка.

Лесни начини како најбрзо да го исчистите домот

Сакате да поминете повеќе време со семејството, но чистењето ви одзема премногу од тие моменти? Не грижете се, имаме совети како брзо и едноставно да го исчистите просторот!

Ви доаѓаат гости и морате брзо да раскренете и да го средите домот?

Сакате да поминете повеќе време со семејството, но чистењето ви одзема премногу од тие моменти? Не грижете се, имаме совети како брзо и едноставно да го исчистите просторот!

Направете план

Ако очекувате гости и немате време генерално да го исчистите станот, фокусирајте се на делови од домот што почесто се користат и што се понеуредни. Пред да ги засукате ракавите, направете план прво за големите зафати, а подоцна можете да се занимавате и со деталите. Секогаш е добро да почнете од онаа соба која ви е најомилена или можеби од онаа која е највалкана. Наш предлог е да почнете со Rovus Storm Vac. Ако го завршите овој дел од обврските, чистењето на домот, нема да ви се чини толку страшен.

Перење во текот на целата недела

Не собирајте валкани алишта што ќе ги перете само за викенд. Креирајте навика секоја вечер да исперете барем одредена количина од нив. Ќе се изненадите колку домот ќе ви изгледа поуреден без толкави купишта на носени алишта насекаде. Но доколку имате проблем со пеглање на сите тие алишта, ви ја препорачуваме Rovus заштитна ракавица. Едноставно и неверојатно ефикасно решение за заштита на вашите раце додека ги користите пеглите на пареа. Ракавицата е дизајнирана да се вклопи на вашата рака, со што пеглањето е многу поедноставно и безбедно.

Некои производи за чистење сами завршуваат одреден дел од работата

Искористете ги сите тие производи за чистење и поштедете се себеси од непотребно рибање на површините.

Испрскајте ги сите рамни површини во домот, оставете да отстои 15 минути и кога ќе се вратите само лесно пребришете со Rovus Сет крпите. Овој сет ги заштитува површините од гребење и им дава идеален сјај. Крпите штитат од иритации на кожата, а направени се од микрофибер и свила со кои ќе ги исчистите и најтврдокорните дамки со суво или со мокро чистење.

Веднаш исчистете ги дамките

Ќе заштедите многу време доколку ги исчистите дамките веднаш кога ќе се појават. Оставете во секоја соба онаков производ за чистење кој најмногу ви треба за таа просторија за да можете брзо и ефикасно да исчистите и да дезинфицирате. Не оставајте валкани садови во текот на ноќта. Не оставајте јакни, чевли, капи или чанти насекаде. Кога ќе биде „сè на свое место“ домот веќе изгледа почист.

Оставете ја правосмукалката за крај

Наместо да поминувате со правосмукалка поединечно по секое чистење, оставете ја Rovus Victor Vac правосмукалката за крај. Така со неа ќе се послужите само еднаш и нема да се грижите дали можеби сте ги извалкале подовите што веќе сте ги поминале со правосмукалка.

Чистењето може да биде напорно, но и забавно. Со многу добра енергија и добар ритам, ќе бидете горди на резултатот што ќе го постигнете со производите на Rovus. Пуштете си ја омилената музика, направете си кафе и уживајте во средувањето на домот. Среќно!