Нема производи во вашата кошничка.

Dormeo Warm&Cool Над-душек од мемори пена

Photo
Video

Надградете го вашето искуство во спиењето со новиот над-душек кој е специјално дизајниран за сите сезони. Едната страна ве лади во текот на летните месеци, додека другата ве топли кога е студено. Јадрото од мемори пена со 3 зони на удобност ќе ви помогне да заспиете побрзо и да се разбудите освежени. Идеален за душеци, каучи, кампување или за на под.

Dormeo Warm&Cool Над-душек од мемори пена
Од 5.690,00 ден. До
Изберете
Јавете ни се на 02 3094-550
За да го дознате времето на испорака, одберете од дадените опции.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Технички карактеристики
Кратко инфо

Надградете го вашето искуство во спиењето со новиот над-душек кој е специјално дизајниран за сите сезони. Едната страна ве лади во текот на летните месеци, додека другата ве топли кога е студено. Јадрото од мемори пена со 3 зони на удобност ќе ви помогне да заспиете побрзо и да се разбудите освежени. Идеален за душеци, каучи, кампување или за на под.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Како над-душекот може да го направи креветот подобар

Над-душекот е брзо, едноставно и достапно решение за подобрување на секоја површина за спиење, од стар кауч до неудобен душек. Додава дополнителен слој на удобност, поддршка и амортизација и најдобрите, како тие од Дормео, имаат дополнителни карактеристики кои ги прават уште поефикасни.

Терморегулација, за одличен сон

Има многу состојки кои влијаат на квалитетот на сонот, но, најлесно се игнорира терморегулацијата, односно, одржувањето на вистинската температура на телото со цел полесно да заспиете, да продолжите да спиете и да се разбудите одморени и освежени.

Две страни за сите сезони

Одличната иновација Dormeo Warm&Cool Над-душекот од мемори пена нуди два над-душеци во еден, за максимална удобност во текот на целата година.

  • Едната страна е надградена со Tencel™ Lyocell влакна,  изработени од растението еукалиптус. Овој неверојатен материјал има одлична способност за апсорпција на влага и дише заедно со телото за да можете да спиете на сува и свежа средина кога времето е топло. Tencel™ Lyocell влакната се природно антиалергиски, го спречуваат развивањето на бактериите и непријатните мириси, со чувство на мекост кое е одлично за сите со чувствителна кожа.
  • Другата страна е специјално дизајнирана за постудените месеци, создава изолацијата за телото и го одржува топло, за да можете да уживате во сонот.

3 зони на удобност

Јадрото на овој над-душек од 4см е слој од мемори пена кој се прилагодува на обликот на телото со цел да ја обезбеди потребната поддршка, каде и да ви е потребна. Трите зони обезбедуваат дополнителна удобност:

  • Главата и вратот нежно се масираат со зоната со форма на јајце,
  • Зоната на колковите нуди поголема поддршка
  • Зоната на стапалата има поголем проток на воздух.

Хигиена за побезбедна средина за спиење

Поминуваме голем дел пд времето во кревет, затоа, хигиената е важна. Поради тоа, страните Dormeo Warm&Cool Над-душекот од мемори пена се покриени мрежест материјал со AirX систем, кој дише и обезбедува постојана циркулација на воздухот низ над-душекот. Навлаката се вади и се пере и е зајакната со CleanEffect® третман за заштита од бактерии, микроби и прашински грини, кој може да ја намали појавата на мириси и да помогне со алергиите и чувствителната кожа.

Практичен со разновидна употреба

Над-душекот лесно се завиткува за складирање или транспортирање и е практичен додаток на вашата спална соба.

  • Додадете го на вашиот кревет за поголема удобност, без трошок за нов душек
  • Користете го на подот, како футон или претворете ја софата во резервен кревет за гостите
  • Понесете го на кампување за поголема удобност и луксузност додека патувате
  • Идеален за студентски домови, како дополнителен слој удобност и хигиена на старите кревети
Технички карактеристики
Јадро Memory Foam
Анти-бактериски третман Да
Висина 4 см
Дормео линија Vitality
Дормео програма спиење
Зони на јадро 3
Материјал Мемори пена
Мемори пена Да
Навлака Cool side: 30% Tencel™, Warm side: 100% Polyester
Навлака која се пере Да

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star

Нашите продавници се отворени.

Нарачувајте онлајн 24/7 со достава до дома #останидома.