Нема производи во вашата кошничка.

Како да ја утешите вашата девојка за време на нејзиниот циклус

Во тој период од месецот жената има болки, неудобно се чувствува и многу брзо го менува расположението… Еве 10 едноставни начини како да ѝ понудите утеха во текот на најлошиот дел од месецот!

1: Искажете ги вашите чувства

Знаете ли што сакаат жените да слушнат во овој период од месецот? Дека ги сакате и покрај нивното лошо расположение. Па еве што треба да направите за вашата партнерка да се чувствува подобро: бакнете ја на челото, гушнете ја, кажете ѝ дека ја сакате, кажете ѝ дека изгледа прекрасно или пак пратете ѝ романтична порака…

2: Поддржете ги нејзините желби за храна

Многу жени ја наоѓаат утехата во храната. Дајте им поддршка на нејзините навики за исхрана во овој тежок период, иако можеби ви се одбивни. Некои жени имаат потреба од благо, некои од месо, а некои па воопшто и не сакаат да јадат поради болката која ја чувствуваат.

3: Ослободете ја

Повремено оставете ја сама, дајте ѝ доволно слободен простор. Вие ја познавате подобро од сите, па би требало да почувствувате кога ве посакува во нејзина близина, а кога е најдобро да бидете што е можно подалеку од неа.

4: Бидете трпеливи

Многу е важно да бидете трпеливи и да не го сфаќате нејзиното непријатно однесување премногу лично…

5: Внимателно бирајте ги зборовите

Можеби и не мислите ништо лошо, но коментари од типот “престани да се однесуваш како луда“, “ајде да разговараме кога ќе помине овој период“, “лош период од месецот, нели?“ или “само полека“, можат да ја зголемат лутината кај жените.

6: Оставете ја да прави луди работи

Некои жени одат на шопинг, други пак, ја бојадисуваат косата во сите бои на виножитото. Без оглед на тоа колку е чудно, оставете ја вашата партнерка да се справи со болката и неудобноста.

7: Имајте секс со неа

Доколку сака, се разбира. А многу жени сакаат, поради хормоните. Бидете нежен и внимателен љубовник и не се плашете од крвта, тоа не е ништо страшно!

8: Одложете го носењето на важните одлуки

Збунетост, замор, физичка болка, ментална болка, лошо расположение и преголема чувствителност не се добра основа за носење на важни животни одлуки. Најдобро би било, доколку е возможно да ги одложите. Доколку се навистина итни, обидете се да ѝ помогнете да се концентрира со тоа што ќе ја релаксирате со нежна масажа.

9: Помогнете ѝ во секојдневната рутина

Промените и изненадувањата се природен дел од сечиј живот, но верувајте, на вашата партнерка тие нема ни најмалку да ѝ се допаднат во тој период од месецот, кога таа мора да се фокусира на справувањето со физичката болка и хормоналните промени.

10: Бидете тука за неа

Тоа е вашата улога во врската, без оглед на периодот. Можно е да сте ѝ повеќе потребни во текот на месечниот циклус, па затоа одвојте повеќе време за неа. Таа е сепак најважниот дел од вашиот живот.