Нема производи во вашата кошничка.

Дали технологијата може да ви го уништи љубовниот живот?

Тешко е  да се поверува колку модерната технологија е присутна во нашиот секојдневен живот, но јасно е дека има многу негативности. Како може технологијата негативно да влијае врз нашиот живот. Дали може да ја уништи и романтиката. Секако дека може – ние ви претставуваме 8 начини како модерната технологија може да го уништи вашиот љубовен живот...

Тешко е  да се поверува колку модерната технологија е присутна во нашиот секојдневен живот, но јасно е дека има многу негативности. Како може технологијата негативно да влијае врз нашиот живот. Дали може да ја уништи и романтиката. Секако дека може – ние ви претставуваме 8 начини како модерната технологија може да го уништи вашиот љубовен живот...

Телевизор во спалната соба

Кој нема телевизор во спалната соба? Па, може да се претпостави дека луѓето не се грижат воопшто за нивниот сексуален живот. Гледањето во телевизор секоја вечер не ви остава доволно време за романса и паровите кои имаат навика да гледаат телевизија заедно во спалната соба во просек имаат помалку секс од паровите кои ја избегнуваат оваа лоша навика. Има посебно место за гледање телевизија и посебно место за ... знаете што! Овие две места треба да ги одвоите ако сакате вашиот љубовен живот да процвета.

Зависност од видео игри

Зависноста од видео игри е типична за машките – и не само кај помладите, туку и кај постарите. Видео игрите може да ви одземат многу време, а тоа значи дека ќе имате помалку време за разговори со партнерот, секс и секојдневните обврски кои треба рамномерно да се распределат за да може врската соодветно да функционира.

Интернетот и неговата моќ на заведување

Сите знаеме дека интернетот нуди многу можности и шанси за запознавање и флертување со други личности. Но она што започнува како обичен флерт може да се претвори во нешто што може да ви ја уништи врската. Исто така интернетот е неограничен извор на порнографија и иако таа понекогаш може да ви помогне да го зачините сексуалниот живот, исто така може да ја намали желбата за вистинска акција во спалната соба.

Со паметните телефони никогаш не е здодевно

Вистина е дека тој може многу да ви помогне додека чекате во долгиот ред во банката, но може да ја уништи врската бидејќи може да ги раздели партнерите кои постојано гледаат во мобилните телефони и поминуваат помалку време заедно. Секако дека е во ред ако понекогаш седите на истиот кревет и попладнето го поминете играјќи игри на телефонот, но тоа секако не е квалитетно поминато време заедно нели?

Грижа за здравјето

Да, знаеме дека технологијата е тестирана и најверојатно не може негативно да влијае врз физичкото здравје, но докажано е дека може да го загрози менталното здравје. Депресија, замор и анксиозност се само три од многуте можни проблеми кои може да произлезат од постојаното користење на модерната технологија, како што се компјутерите, телевизијата и паметните телефони. И знаете што? Ништо од тоа нема да ви помогне да ја подобрите или пак спасите вашата врска.

Нарушување на приватноста

Тешко е да одолеете на социјалните мрежи. Тоа започнува со објавување нешто на неколку дена, па проверување на тоа што прават вашите пријатели, па дури и споделување на секој детаљ од вашиот живот (вклучувајќи ја и вашата врска и љубовниот живот) со целиот свет. Нарушувањето на приватноста сигурно може да ја направи вашата врска помалку интимна и да го вознемири вашиот партнер.

Проблеми со спиењето

Изложувањето на визуелните стимуланси (кои ги нуди телевизијата, компјутерите и паметните телефони) доцна навечер може да предизвика проблеми со спиењето бидејќи нема да му дозволи на вашиот ум да се релаксира. И погодете што ќе се случи откако цела ноќ ќе се превртувате без да може да заспиете? Замор, нервоза и можност да го започнете вашиот ден со кавга со вашиот сакан без некоја посебна причина. Тоа дефинитивно не е добро за вашата врска.

Психолошка штета

Модерната технологија е создадена да биде со повеќе канали, секогаш се менува, секогаш нуди нешто ново, а тоа не се случува со долгите врски. Ова е сосема разбирливо, но за жал понекогаш модерната технологија е подобро друштво од личноста со која планирате да го поминете остатокот од вашиот живот, а тоа може да предизвика психолошка штета која ќе направи врската да биде полоша отколку што навистина е.