Нема производи во вашата кошничка.

Интересни факти за бакнувањето

Кој не сака да се бакнува? Чувството на топлина на вашите усни, возбудливото отчукување на срцето, чувството на смирување кога сте близу до друг човек...иако сите знаеме што е бакнувањето, постојат многу работи за него кои сè уште не ги знаете, па затоа еве 9 интересни факти за бакнувањето.

Лево или десно

Во која насока ја наведнувате главата кога се бакнувате? Според едно истражување направено во Германија поголем дел од луѓето ја наведнуваат главата на десна страна – скоро две-третини, а само една третина од луѓето ја наведнуваат на лево.

Јас и ти сме само обични цицачи

Ако мислите дека ние луѓето сме единствените кои се бакнуваат тогаш сте во заблуда! Луѓето се само едни од цицачите кои сакаат на тој начин да ја покажат нивната поврзаност на таков начин. Шимпанзата се бакнуваат на сличен начин како и ние, кучињата и лисиците си ги лижат лицата, a слоновите ги ставаат сурлите во устата на нивните сакани.

Бакнувањето како кардио вежба

Дали знаевте дека постојат луѓе кои го препорачуваат бакнувањето како кардио вежба? Звучи смешно, но тие се во право. Според едно истражување, една минута страсно бакнување согорува околу 6 калории. Тоа значи дека еден час бакнување согорува околу 60 калори –добар почеток нели?

Експлозија од задоволство

Физичкото задоволство предизвикано од допир може да биде измерено со бројот на нервни завршетоци на делот од телото кој се испитува. Истражувањата покажуваат дека усните имаат приближно 10.000 нервни завршетоци! Тоа е голема бројка, но не ни кажува многу нели? Што ако ви кажеме дека на клиторисот – делот од женското тело за кој се верува дека предизвикува најголемо задоволство има само 8.000 нервни завршетоци?

Не се грижете, бидете среќни, бакнувајте

Ако сте под стрес или се соочувате со проблеми кои не можат да се решат и кои го уништуваат вашиот живот, пробајте да се бакнувате. Сериозно! Бакнувањето е познато дека го ослободува ендорфинот и окситоцинот- хормони кои го подобруваат нашето расположение и нè прават посреќни. И не само тоа – бакнувањето исто така го зголемува нивото на допаминот во телото. Тој исто така го подобрува расположението и го намалува нивото на кортисолот, хормонот кој предизвикува стрес.

Пренесувач на болести или зајакнувач на имунитетот

Едноставната вистина за бакнувањето се и двете работи – пренесувач на болести или пак зајакакнувач на имунитетот. Вистина е дека плунката која се разменува за време на бакнувањето може да пренесе некои непријатни болести, но исто така може да го направи организмот имун на одредени вируси.

Бакнувањето е различен тест за поставување дијагноза

Бакнувањето не е само алатка за задоволство, туку исто така е и различен тест за поставување дијагноза и кај мажите и кај жените за да можат да дознаат повеќе за нивните потенцијални  партнери. Преку оцената на чувствата, вкусот, мирисот, допирот и температурата, ние потсвесно можеме да оцениме потенцијалот на личноста со која се бакнуваме. Мажите преку бакнувањето го оценуваат нивото на естроген  и  според тоа и плодноста, а жените го оценуваат здравјето и имунитетот кај мажот. Корисно нели? Само следниот пат кога ќе се бакнувате немојте премногу да размислувате на тоа.

Бакнување во долгите врски

Добро е познато дека фреквенцијата и интензитетот на бакнувањето се намалуваат како што врската се зголемува. Колку е подолга врската, толку е помало бакнувањето. Но тоа всушност е голема грешка! Истражувањата покажуваат дека бакнувањето во врската го намалува стресот и кај двата партнери, ги намалува шансите за караници, го подобрува меѓусебното разбирање и ги охрабрува партнерите да бидат поактивни. Што има тука да не сакате? Бакнувајте се повеќе!

Зошто воопшто се бакнуваме?

Од задоволство или понекогаш од навика – тоа се двата можни одговори, но постои нешто повеќе од тоа. Жените се бакнуваат за да ја одредат врската, а мажите (потсвесно) се надеваат дека ќе го зголемат чувството на тестостерон кај нивниот партнер за да им ја зголемат желбата за секс. Ова е причината зошто мажите сакаат секси, француски бакнежи, а жените сакаат понежно, сензуално бакнување.