
Happy Hours
Специјална и неповторлива понуда!
Добивате дополнителни 15% ПОПУСТ на сите наши производи.
*Попустот е веќе пресметан во крајната цена.
-
Delimano Electric Pressure Мултикукер и Експрес лонец
Со Delimano Electric Pressure Мултикукер ќе готвите побрзо, со помала потрошувачка на енергија и повеќе витамини и минерали зачувани во храната. Има неколку вградени безбедносни системи и 15 програми за креативно готвење. Капацитетот од 5,7л е одличен за големи семејни оброци од месо до супи и чорби. 1000W моќност која ќе се справи со секој предизвик.
-
Wellneo AirTech Pro Стилизатор за коса
Ви го претставуваме AirTech Pro - премиум сет за стилизирање на косата што доаѓа со сите додатоци што ви се потребни за да создадете совршени локни без напор. Надграден со напредна воздушна технологија, овој сет овозможува да направите мазни локни а истовремено ја штити вашата коса од оштетување. Во сетот има 6 дополнителни додатоци и моќност од 1300 до 1500 W
-
Air Fryer Prime Апарат за готвење
Air Fryer Prime Апаратот за готвење ви овозможува да приготвувате голем број на јадења без масло. Корпата има капацитет 4,4л., тајмер за готвење до 60 минути и контрола на температурата од 80 до 200 степени. Исто така, корпата има нелеплива облога и многу лесно се чисти. Овие карактеристики го олеснуваат готвењето и овозможуваат правилна и здрава исхрана! -
Top Shop Orbitrek Pro Max - Фитнес справа
Orbitrek Pro Max обезбедува вежбање за целото тело со активирање на сите главни мускулни групи. Тој нуди здрав кардиоваскуларен тренинг со имитација на природните движења на телото при одење и трчање. Има прилагодливо ниво на отпор и монитор кој покажува брзина, растојание, калории и време. Идеален е за домашна употреба поради неговиот компактен дизајн и малото влијание врз зглобовите.
-
Delimano Nutrilife 5 делен Екстрактор на хранливи состојки
Nutrilife е моќен и ефикасен апарат, дизајниран да ви помогне да приготвувате здрави пијалоци, смути и други рецепти со леснотија. Со моќен мотор од 700 W, овозможува разградување на овошјето и зеленчукот за одлична текстура, притоа зачувувајќи ја хранливата вредност. -
Delimano JOY Апарат за мелење Про
Знаеме дека сакате самите да го подготвите вашето мелено месо, така точно ќе знаете што содржи. Сега, Delimano Joy Апаратот за мелење Про е тука да ви помогне да го претворите свежото месо во плескавици, месо за пити или лазањи. Со моќност од 600W, овој моќен апарат ќе го измели секое месо и ќе подготви вкусни колбаси и ролати. Добивате 2 дискови за мелење и додатоци за колбаси и кибе.
-
Rovus Чешма со проточен бојлер - висока
Rovus Чешмата со проточен бојлер е брзо и пристапно решение за да имате топла вода каде и да ви е потребна. Со интегриран грејач во стилски дизајн, ќе можете да уживате моментално во топла вода за готвење, чистење или подготвување пијалоци. Изработена е од нер'рѓосувачки челик, со дигитален екран за контрола и автоматско безбедносно исклучување. Надградете ја кујната со топла вода уште денес.
-
Rovus Robotic Vac&Mop Правосмукалка
Вратете се во чист дом во овој 3-во-1 Robotic Vac&Mop. Чисти, всмукува и џогира автоматски. Напредната технологија за мапирање значи дека речиси целата површина ќе биде исчистена. Моќната батерија овозможува чистење до 2 часа, додека паметното полнење значи дека роботот ќе се врати кај својата станица кога батеријата е празна, а потоа ќе продолжи со чистењето кога ќе се наполни.
-
Delimano JOY Еспресо апарат за кафе
Нема ништо поубаво од шолја свежо кафе наутро како и можноста да си го подготвиш тоа кафе дома. Доживејте го вкусот на свежо кафе со Delimano Joy Апаратот за еспресо. Овој апарат има 15 бари притисок, 850W моќност и отвор за пареа со кои ќе ја подготвите совршена шолја кафе, секој пат.
-
Dormeo Siena Light Јорган
Siena Light јорганот од Дормео е идеален за сите оние кои имаат загреани спални или пак во текот на спиењето им е многу топло. Овој одличен јорган му овозможува на вашето тело да дише, давајќи ви чувство на свежина и удобност. Siena Light јорганот е достапен во 2 димензии: 140 x 200 и 200 x 200 см.