Wellneo EMS Тонер Главен уред
Wellneo® EMS Тонер Главниот уред е компјутерот и изворот на ЕМС технологијата која се користи за Wellneo® EMS Тонер подлогите кои се ставаат на телото за да ги тонираат или стимулираат мускулите. Сетот содржи главен уред со УСБ кабел за полнење и далечински управувач. Поради тоа што е посебен уред, одговара на секоја EMS Тонер подлога од нашата понуда.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Кратко инфо
-
Wellneo® EMS Тонер Главниот уред е компјутерот и изворот на ЕМС технологијата која се користи за Wellneo® EMS Тонер подлогите кои се ставаат на телото за да ги тонираат или стимулираат мускулите. Сетот содржи главен уред со УСБ кабел за полнење и далечински управувач. Поради тоа што е посебен уред, одговара на секоја EMS Тонер подлога од нашата понуда.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Подобрете го изгледот и обликот на телото
Приклучете на се на милиони луѓе кои уживаат во придобивките на технологијата за електромускулна стимулација. Со користење на добро истражен метод на ЕМС, Wellneo® EMS Тонер Главниот уред може да се користи како надополнување на или повремена замена за физичка активност. Задолжителна е за секого кој сака да го подобри целокупниот изглед преку таргетирано обликување на телото без напорно вежбање.
Тонирајте ги мускулите со ЕМС технологија
Wellneo® EMS Тонер Главен уред е компјутерот и изворот на ЕМС технологијата која се користи на Wellneo® EMS Тонер подлогите кои се ставаат на цело тело со цел да ги тонираат или стимулираат мускулите. Им овозможува на Wellneo® EMS Тонер Универзален и Wellneo® EMS Тонер за целото тело да функционираат. Исто така, може да се користи и со Wellneo® EMS Тонер Основата со цел 2 лица да можат да користат различни работи во исто време.
Добивате:
- Главен уред со УСБ кабел за полнење.
- Далечински управувач (батерија CR 2032 вклучена) за целосна удобност.
Тајната на EMS
EMS или електромускулна стимулација е неинвазивен метод за зајакнување и закрепнување на мускулите. Со користење на нисковолтажна стимулација, ги таргетира моторните нерви со цел да предизвика контракција на мускулите.
Поради тоа што е откриено дека контракцијата и опуштањето на мускулите помага во ефикасно третирање на различни состојби, EMSсе користи во болници и спортски клиники за мускулни повреди. Благодарение на нејзиниот револуционерен ефект на обликувањето на мускулите, многу е популарна и за домашна употреба!
Како функционира?
Wellneo® EMS Тонер Главниот уред се состои од: контролна единица, далечински управувач и УСБ полнач. Со цел да се стимулираат мускулите, се испраќаат импулси од главниот уред до серија електроди кои се наоѓаат во подлогата. Има 15 нивоа на интензитет и ви овозможува целосно персонализација со секоја сесија. Далечинскиот управувач ја прави контролата едноставна и лесна, особено ако ги користитg EMS Тонер подлогите на тешко достапни места (задник / подлога за колкови или мала подлога пепертука).
Различни режими, различни придобивки
Wellneo® EMS Тонер Главниот уред нуди 2 режими, секоја со траење од 25 минути и носи специфични придобивки.
- Пробајте EMS тонирање за тренирање на ослабените мускули со цел да ги зајакнете.
- Потоа, префрлете се на EMS режим за масажа кога ќе ви биде потребно разгалување и почувствувајте како напнатоста и затегнатоста исчезнуваат од мускулите.