Нема производи во вашата кошничка.

Здрави, убави и фит

Ги прекрши сите новогодишни одлуки? И јас исто

Веќе го чувствувате притисокот од прекршените новогодишни одлуки, нели?

На почетокот на годината се изгледаше неверојатно лесно, почувствувате дека ова ќе биде ваша година и бевте сигурни дека баш оваа година ќе го оформите телото кое го посакувавте, ќе го подобрите квалитетот на кожата и ќе го освоите дечкото со кој разменувате погледи секој викенд.

Но, како што јануари течеше; бургерите, чипсот и чоколадите што ги украдовте од пакетчето на ќерка ви, внучето и помалата братучедка ви изгледаа многу попривлечно. Нетфликс имаше супер нови серии и филмови, а надвор паѓаше снег, така што мотивацијата за да ги спроведете новогодишните одлуки комплетно ви исчезна.

Веројатно сега сте во фазата кога се мразите себе и си упатувате обесхрабрувачки мисли дека никогаш нема да изгледате добро и сте чисто промашување.

Добредојдовте во клубот! Вие, заедно со половина свет ги прекршивте сите новогодишни одлуки. Ништо страшно.

За да не ви биде криво, Tоп Шоп и Wellneo ви даваат втора шанса со кампањата Здрави, Убави и Фит- кампањата на акции и дејства, а не празни одлуки. Тргнувајќи од фактот дека за да промените нешто и за да си ја зголемите мотивацијата морате да го направите првиот чекор, време е, за почеток, да набавите справа за вежбање во домот.

Справата за вежбање ќе ви понуди основа од која можете да започнете да работите на себе од удобноста на својот дом, а воедно да го распределите времето за вежбање онака како што вам ви одговара.

Во склоп на оваа кампања добивате попуст на сите справи за вежбање и производи за нега на тело, а опциите за плаќање вклучуваат и плаќање на рати. Инвестиција која нема да ја почувствувате, а за која, на долгорочен план, вашето тело ќе ви биде бескрајно благодарно.

Направете го првиот чекор и направете нешто за себе, искористете ја понудата во склоп на Здрави, Убави и Фит. Бидејќи кој не би сакал да е дел од ова трио? ;)