Нема производи во вашата кошничка.

Tајни за брзо слабеење

Летото само што не пристигнало, а Вие сè уште не сте ја достигнале оптималната форма. Но, не постои место за паника. Едноставно следете ги овие 4 здрави тајни и за брзо време ќе бидете чекор поблиску до својата цел.

1. Откажете се од алкохолот

Една чаша од два децилитра вино или светло пиво со себе обично носи приближно 100 калории. Секојдневното додавање дополнителни 100 калории на диетата, за една година се претвораат во речиси 5 дополнителни килограми.

2. Преполовете ги порциите од јадењата богати со јаглехидрати

Доколку некој Ве советува сосема да се откажете од јаглехидратите и да се префрлите на протеинска храна, игнорирајте го. Јаглехидратите се најважниот извор на енергија и откажувањето од нив на подолг период може да донесе негативни последици. Но, за ефикасно да ја намалите телесната тежина, мора да ги преполовите порциите од јадењата богати со јаглехидрати. Кога ќе седнете да јадете, кон преполовената порција додадете и салата или пак сечкан зеленчук, со што ќе го наполните желудникот, но со многу помалку калорична вредност од обично.

3. Секој ден, за ручек јадете салата

Кога активно се обидувате да ја намалите телесната тежина, за ручек јадете голема салата од различни зеленчуци богати со растителни влакна, надополнета со извор на чисти протеини: пилешко, лосос  (или туна) или пак тофу. Истражувањата покажале дека комбинацијата од растителни влакна и протеини особено добро заситува, на подолг период.

4. Јадете на секои 3 до 4 часа

Кога го намалувате вкупниот внес на калории, важно е да ги распределите калории во текот на денот, за да не се создадат периоди во кои ќе чувствувате засилен глад. Кај најголем дел од луѓето, јадењето на секои 3 до 4 часа е ефикасно, додека други сакаат да се задржат на традиционалниот модел со три оброци во текот на денот. На крајот, изборот е Ваш.