Нема производи во вашата кошничка.

Показатели за зависност од храна

Диетите, вежбањето, обидите да ја намалите телесната тежина - сето тоа ќе остане попусто на крајот, доколку се соочувате со зависност од храна. Овие неколку показатели ќе Ви помогнат да откриете дали е така.

Диетите, вежбањето, обидите да ја намалите телесната тежина - сето тоа ќе остане попусто на крајот, доколку се соочувате со зависност од храна. Овие неколку показатели ќе Ви помогнат да откриете дали е така.

Земате храна кога ќе чуете лоша или добра вест

Седнувате на обилен ручек затоа што сте имале успешен ден на работа или пак посегнувате по слатки за да го победите стресот? Ова е првиот знак за зависност од храна. Храната е извор на енергија, а не средство за справување со емоциите.

Јадете и кога не сте гладни

Сте јаделе пред еден час, но дошло времето за ручек и повторно седнувате да јадете? Тогаш сте на пат да ги одвоите оброците од физичкото чувство на глад. Треба да јадете единствено кога стомакот ќе Ви каже дека е време за храна.

Ви се случуваат неконтролирани прејадувања

Прејадувањето најчесто се случува кога има огромни паузи помеѓу оброците (при прегладнување) или кога држите диета и ќе решите да престанете. Доколку не можете да издржите при диетата, подобро е да каснете малку, па да се вратите на планот, отколку да се прејадете. Прејадувањето може да има и дополнителни здравствени последици, како на пример оштетувања на гастроинтестиналниот тракт.

Јадете еднолична храна

Ако речиси секој ден јадете исти оброци, нема да уживате во храната, ќе се намали чувството на ситост, а ќе добивате и многу помалку од потребните хранливи материи. Направете ја исхраната колку што можете поразновидна.

Броите калории

Доколку внимавате на внесот на калориите за време на диетите, тоа е нормално. Но, ако станете опседнати и постојано ги читате етикетите на сите производи и пресметувате до последната калорија, тоа е знак дека претерувате. Со ова може да предизвикате само контраефект.

Сте направиле поделба на храната

Ако започнете да ги делите прехранбените производи на лоши и добри, толку повеќе ќе чувствувате потреба да посегнете по „забранетите“ прехранбени производи, како на пример леб, слатки, брза храна.

Почнувате да ги осудувате другите поради исхраната

Само затоа што Вие сте почнале да се храните поздраво, тоа не значи дека сите мора да го сторат тоа. Не ги осудувајте другите за начинот на исхрана и не им делете совети, ако не ги побараат. Не дозволувајте да развиете култ кон храната.

Пиете вода наместо да јадете

Ако Ви се случува цел ден да пиете вода за да го убиете чувството на глад, престанете веднаш. Водата е здрава, но кога ќе се претера со неа, знае да биде и штетна. А од друга страна, храната не Ви е непријател. Ако престанете да јадете, здравјето значително ќе Ви се влоши и тоа за многу брзо време.