Нема производи во вашата кошничка.

Заштита од летни штетници

Летото е годишно време во кое можете да уживате во голем број на активности на отворено, без оглед на тоа дали се работи за семеен одмор или скара во дворот.

Летото е годишно време во кое можете да уживате во голем број на активности на отворено, без оглед на тоа дали се работи за семеен одмор или скара во дворот.

Меѓутоа, летото е време и на болви, крлежи и комарци кои претставуваат закана за луѓето меѓутоа и за домашните миленичиња. Кај животните, болвите, покрај тоа што предизвикуваат неподносливото чешање, можат да бидат причина и за пренос на тении и да предизвикаат сериозни заболувања на кожата.

Крлежите се вектори на Лајмска болест и воспаление на мозокот кои предизвикуваат сериозни заболувања кај кучињата како што се респираторните проблеми. Комарците можат да пренесат опасни видови на црви кои се смртоносни за кучињата и мачките.

Ние ви нудиме неколку совети како да ги намалите ризиците кои ги носат летните штетници:

  • Редовно проверувајте ги вашите домашни миленичиња и внимавајте на секое чешање, лижење и тимарење.
  • Редовно капете ги домашните миленичиња, особено по подолги периоди поминати на отворено или по играње со други животни.
  • Не им дозволувајте на домашните миленичиња да спијат во вашиот кревет, и редовно мијте го нивниот кревет и играчките.
  • Одржувајте ги тревата и цвеќињата во дворот уредни, особено по краевите од оградата.
  • Консултирајте се со стручни лица за тоа како да се ослободите од болвите, крлежите и комарците во вашиот двор.
  • Консултирајте се со ветеринар во врска со третмани за превенција на болви и крлежи, како и за лекови кои вашите миленичиња треба да ги примаат за превенција од црви. Превентивните мерки се најдобрата заштита на вашето семејство и милениците од овие летни опасни штетници.