Нема производи во вашата кошничка.

Со што да го замените гледањето телевизија

Tелевизија може да го зголеми ризикот од депресија, поради физичката неактивност, која повлекува цела лепеза на емоционални и физички симптоми поврзани со оваа состојба. Од друга страна, вежбањето може да има позитивен ефект на самодовербата, чувството на контрола и нивото на ендорфини во организмот.

Телевизијата депримира, вежбањето Ве прави среќни

Научниците предупредуваат дека гледањето телевизија може да го зголеми ризикот од депресија, поради физичката неактивност, која повлекува цела лепеза на емоционални и физички симптоми поврзани со оваа состојба. Од друга страна, вежбањето може да има позитивен ефект на самодовербата, чувството на контрола и нивото на ендорфини во организмот.

Според студијата која беше објавена во Американскиот журнал за епидемиологија, жените кои редовно вежбаат имале 20 проценти помал ризик од развој на депресија, во споредба со оние кои ретко се решавале да вежбаат.

Речиси 50 илјади испитанички биле вклучени во лонгитудалната студија која се работела од 1992 до 2006 година. Било заклучено дека честата физичка активност е директно поврзана со нискиот ризик од депресија.

Учесниците во студијата го бележеле времето поминато во гледање телевизија, како и она што го поминувале во пешачење, трчање, возење велосипед и други форми на физичка активност.

Во исто време, биле земени предвид и другите фактори кои влијаат врз појавата на депресија – телесната тежина, пушењето и разните болести.

Се испоставило дека оние што вежбале најмногу, по 90 минути или повеќе дневно, имале најмал процент на пријавени нови случаи на клиничка депресија или започнување терапија со лекови против депресија. Ваквите случаи биле најчести кај оние што вежбале по 10 минути или помалку.

Секако, не постои една и единствена причина за депресија и таа може да се појави и развие поради различни фактори, кај различни луѓе.

Првите симптоми се пролонгирано чувство на тага и губење на волјата, но и промена на апетитот и телесната тежина (најчесто намалување, но во одредени случаи и зголемување).

Откако ќе настане, депресијата се лекува со комбинација од лекарства и психијатриски сесии. Токму затоа треба да ја зголемите физичката активност, како превентивна мерка.