Нема производи во вашата кошничка.

Подгответе го велосипедот за летото

Температурите полека растат, летото започна, а тоа значи дека е вистинско време да го подготвите својот велосипед. Не само што повеќе ќе уживате возејќи се на него, отколку во јавниот превоз, туку со него ќе ја подобрите и физичката кондиција.

Прочитајте на што треба да внимавате за да останете безбедни.

Температурите полека растат, летото започна, а тоа значи дека е вистинско време да го подготвите својот велосипед. Не само што повеќе ќе уживате возејќи се на него, отколку во јавниот превоз, туку со него ќе ја подобрите и физичката кондиција.

1. Исчистете го велосипедот

Ако го чувате велосипедот во визба или шупа во текот на зимат, а не го исчистите пред летото, можете да се соочите со проблеми. Земете памучна ткаенина, кофа со вода и универзален детергент и започнете со чистење. Отстранете ја налепената кал, пајаковите мрежи, песокта и сè друго што ќе најдете на него.

2. Сервисирање

Исто како со автомобилите, и на велосипедот му е потребно редовно сервисирање. Проверете ги овие нешта (или однесете го на мајстор којшто ќе Ви го провери комплетно за разумна цена):

Сопирачки: проверете дали се премногу истрошени и дали ќе можат да издржат уште едно лето. Предната и задната сопирачка треба да бидат подеднакво силни.

Тркала: Проверете дали некаде има напукнатини или оштетувања, на тркалата и на гумите, како и дали гумите се истрошени.

Ланци: Секој велосипед што долго време не бил возен мора да се подмачка на сите подвижни делови. Ова особено важи за ланците.

Запчаници: Доколку од велосипедот слушате чудни звуци, тоа може да се должи на неисправни запчаници или во најмала рака неподмачкани.

3. Неопходна опрема

На велосипедот мора да имате светло и „мачкино око“. Доколку возите ноќе тоа ќе Ви ја зголеми безбедноста, а доколку ги немате, може да заработите и казна.

4. Додатоци

За возењето да Ви биде удобно, а велосипедот практичен, без разлика каде одите, погрижете се да имате добро прицврстена кошница, за во неа да ставите сè што ќе носите со себе. Треба да имате држач за шише вода, а препорачливо е да си носите и мала пумпа. Доколку имате дополнително седиште за дете, бидете сигурни дека е прицврстено како што треба и подесено според детето, пред да тргнете некаде со него. Ако постои оштетување на кој било дел од седиштето, не ризикувајте ја безбедноста на најмладите – купете си ново.