Нема производи во вашата кошничка.

Диета за поубави нозе

За да носите кратки здолништа, нозете треба да ви бидат беспрекорни, а вие токму денове откривте дека на бутовите ви се појавиле наслаги и отоци. Како тука може да помогне диета?

ДИЕТА ЗА ПОУБАВИ НОЗЕ

За да носите кратки здолништа, нозете треба да ви бидат беспрекорни, а вие токму денове откривте дека на бутовите ви се појавиле наслаги и отоци. Како тука може да помогне диета? Може, ако во исхраната се користи повеќе коренест зеленчук кој поттикнува излачување на насобраните течности (отоци). Значи, морков, ротквички, цвекло, ѓумбир. Калиумот и витаминот Ц си зајакнуваат ѕидовите на капиларите, подобрувајќи ја циркулација и на овој начин, оневозможувајќи го задржувањето на течностите. Диетата предвидува околу 1400 калории дневно, препораката е да се држи 2 недели, а за тоа време може да изгубите околу 3 килограми.

Појадок (ист секој ден):

1/ 2 филџан млеко (0,1% масленост), 1 филџан обарен ориз со суво грозје, кафе од јачмен и 2 двопека или капучино со немасно млеко и 2 кекса.

Понеделник

Ручек: 200 гр.њоки од компири и моркови прелиени со сок од домати, црвен радич прелиен со јогурт.

Вечера: риба лист на пареа со барено цвекло, зелена салата со ротквици, 30 гр.леб

Вторник

Ручек: Пире од моркови и ротквички до 50 гр.интегрален ориз, 40 гр.посно бело сирење на скара, салата од радич.

Вечера: 1/ 4 печено пиле (без кожа) со кари и ѓумбир, блитва на пареа.

Среда

Ручек: 120 гр.печено телешко со зачини, бела репка со шампињони, 30 гр.леб.

Вечера: тркалца од морков, запечени и прелиени со 1 јајце, 40 гр.посно сирење, салата од рукола, ротквици и зелка.

Четврток

Ручек: 60 гр.кратки тестенини (панделки, полжавчиња) со сок од домат и сечкана пиперка, 120гр.печен ослиќ, зелена салата.

Вечера: 100 гр.раженчиња од мисиркино месо, пиперка, морков и кромид, салата од грав со нане, 30 гр.леб.

Петок

Ручек: кратки тестенини со динстан радич со морков и ќумбир, салата од свеж целер.

Вечера: динстани лигњи со грашок, салата од цикорија и ротквица, 30г.леб.

Сабота и недела не се опфатени со диетата.