Нема производи во вашата кошничка.

Најдобри трикови за диети на сите времиња

Летото доаѓа и време е да ги изгубите вишокот килограми. Секако дека може да се обидете со вашите вообичаени диети, но ние ви нудиме нешто многу подобро – 13 трикови за кои до сега можеби не сте ни слушнале!

Летото доаѓа и време е да ги изгубите вишокот килограми. Секако дека може да се обидете со вашите вообичаени диети, но ние ви нудиме нешто многу подобро – 13 трикови за кои до сега можеби не сте ни слушнале!

1: Никогаш не гладувајте

Гладувањето ќе ве соочи со 2 поголеми проблеми: прво, телото паѓа во шок и почнува да зачувува што е можно повеќе вишок килограми, затоа што смета дека е во опасност; второ, луѓето носат глупави одлуки кога се гладни.   

2: Не се лажете

Ако изедам само едно парче торта нема да биде проблем – ќе надоместам утре. Некако не ми се вежба денес, па само овој пат ќе прескокнам. Ви звучи ли ова познато? Вистината е дена секој оној кој се обидел да ослаби се соочил со слични проблеми. Доколку се лажете себеси, диетата најверојатно нема да ви биде успешна.   

3: Пресметувајте

Во ред е да изедете една крофна со чоколадо доколку после тоа планирате да пешачите, пример. Верувате дека сите калории ќе ги согорите во текот на физичката активност. Грешите! Со еден час одење ќе согорите 200 калории, а една крофна со чоколадо содржи повеќе од 300.   Секогаш прецизно пресметувајте!    

4: Јадете три залчиња помалку

Доколку дневно јадете по три залчиња помалку на секој оброк, ќе го намалите дневниот внес на калории за речиси 200. Тоа би значело речиси 100000 калории годишно, или пак речиси 11 килограми помалку. 

5: Пијте многу вода

Пијте многу вода, не само во летните месеци туку и во текот на зимото. Водата го полни желудникот и остава помалку простор за храната, и му овозможува на телото да работи ефикасно кога станува збор за согорување на калории.   

6: Вклучете зачинета храна во секојдневието

Многумина веруваат дека диетите значат гладување или пак јадење оброци кои немаат вкус. Воопшто не се во право! Постојат многу здрави и вкусни јадења, а едно од нив е зачинетата храна. Таа ви помага да го потиснете гладот и побрзо да ги согорите калориите.

7: Водете дневник за храната

Оваа листа ќе ви послужи да имате увид во се што јадете во текот на денот и да ги намалите калориите кои ги внесувате.

8: Јадете полека

Оние кои јадат пополека, имаат помалку проблеми со вишокот килограми од оние кои јадат брзо. Тоа е затоа што тие внесуваат помали количества на храна во одредена временска рамка, што му овозможува на телото да даде знак кога храната е веќе доволна.     

9: Никогаш не пропуштајте оброк

Доколку прескокнете некој оброк вие краткорочно го намалувате количеството на калории кои ги внесувате. Сетете се само колку пати сте изеле големо количество на храна за вечера само затоа што сте го прескокнале ручекот.    

10: Не јадете пред телевизор

Јадењето пред телевизор докажано создава повеќе проблеми со телесната тежина. Истото важи и за читањето или следењето на настаните на интернет додека јадете. Мора да се трудите да јадете само на места кои се за тоа наменети – масите во кујната или трпезаријата.       

11: Хранете се разновидно

Диетите не се однесуваат само на послабата исхрана, туку и на разновидноста на состојките. Разновидната исхрана ќе ја одржи вашата мотивација и ќе го подобри вашето здравје.      

12: Одбегнувајте сол

Солта ја прави храната повкусна и му е потребна на телото во одредени количини, но преголемите количества на сол го загрозуваат вашето здравје и о засилуваат вашето чувство на глад и жед.  

13: Храната нека ви биде разнобојна

Различните бои на храната се однесуваат на зеленчук, овошје и зачини, состојки кои се многу здрави за вас и содржат многу малку калории.