Дали ви здодеа да бидете шворц секој јануари?
Декември е прекрасен месец – имате слободно време, одите на многу забави и јадете вкусна храна. Па тука се и патувањата, подароците, пијалаците... и пред да се освестите, ете го јануари а вие сте без денар во џебот. Ако ви здодеа секој јануари да бидете без денар во џеб, еве неколку добри совети кои ќе ви помогнат да го спречите тоа.
Дали ви здодеа секој јануари да бидете без денар во џебот?
Декември е прекрасен месец – имате слободно време, одите на многу забави и јадете вкусна храна. Па тука се и патувањата, подароците, пијалаците... и пред да се освестите, ете го јануари а вие сте без денар во џебот. Ако ви здодеа секој јануари да бидете без денар во џеб, еве неколку добри совети кои ќе ви помогнат да го спречите тоа.
Направете буџет – и држете се до него!
Да знаете колку може да потрошите и да одлучите на што точно сакате да ги потрошите парите е единствениот начин да го држите под контрола трошењето за време на празниците. Одредете точна сума на пари за подароци, забави, храна, пијалаци, патување и нешто друго што може да ви треба или нешто што сакате за време на празниците – потоа држете се до тоа!
Но кога ќе го одредувате буџетот бидете реалистични. Ако за подароци за целото семејство одредите 3.000 денари, ќе купите само евтини, неквалитетни подароци кои кога вашите сакани ќе ги отворат ќе бидете засрамени. Од друга страна пак, да имате одвоени многу малку или да немате воопшто пари за дружење и забава може да има негативни последици врз вашиот социјален живот, па веројатно нема да уживате празниците онолку колку што би требало.
Останете и држете се во рамките на вашите средства – но исто така оставете и малку простор за да уживате во парите.
Секое купување плаќајте го во готовина
Знаеме дека не е многу практично- - сепак многу е полесно да носите една картичка наместо пари – но тоа е единствениот начин да не завршите во „критична“ зона штом се појави јануари. Ако успеете секогаш кога купувате нешто да плаќате во готовина, голема е веројатноста дека ќе потрошите многу помалку.
Трикот е во тоа дека кога плаќате само во готовина, ги трошите само парите кои ги имате со вас. Друга позитивна страна е дека плаќањето во готовина повеќе „боли“, бидејќи може да ги видите парите како си одат од вашиот паричник.
Вклучете се во поевтини забавни активности
Ако сте навикнати да трошите многу пари од вашиот празничен буџет за патувања, посети на забавни паркови, одење во кино, театар или на други поскапи настани тогаш ова е одличен начин да заштедите. Може да се забавувате и со други активности кои ќе бидат значително поевтини а сепак забавни – треба само да ги пронајдете.
Може да биде едноставна прошетка низ градот, да се воодушевувате на украсените улици и плоштадот. Може да биде забавна вечера со празнични филмови во вашиот дом и шолја топло чоколадо. Или пак ако има снег може да се санкате или пак да прави Снешко. Може да се соберете со целото семејство во куната и да готвите заедно. За што и да се одлучите ќе си поминете преубаво, а сепак ќе потрошите помалку пари.
Размислувајте однапред и заштедете уште повеќе наредната година
Бидејќи празниците се ближат, не постои начин да ја подобрите финансиската ситуација за оваа година, но со внимателно планирање, може да заштедите повеќе пари за наредната година. На пример, ако купите новогодишни украси на крајот на сезоната, веројатно ќе ги добиете за половина цена или со поголем попуст. Само зачувајте ги за наредната година. Истото важи и за сите останати работи кои ќе ви требаат за наредните празници: хартија за виткање, панделки па дури и подароци.
Ако добивате многу подароци кои не се лични и со кои навистина не знаете што да правите, како на пример: свеќи, книги, чаши, нешто за украсување и други работи кои ќе ви служат само за собирање прашина, тогаш зачувајте ги и искористете ги како подароци за наредната година. Ова може нема да биде соодветно да го направите за вашите најблиски, но може да ги искористите за колегите или пак за подалечното семејство.
Друга идеа е да започнете да го планирате вашиот буџет во јануари. Ако оваа година имавте буџет, тогаш сигурно знаете колку потрошивте и колку сакавте да потрошите. На тој начин едноставно ќе знаете кога точно да започнете да планирате и да го подготвите буџетот за наредната година.