Нема производи во вашата кошничка.

Како да ги тонирате стомачните мускули без вежбање?

Дали е тоа возможно? Секако дека да! Можеби нема да изгледате како професионален бодибилдер, но сигурно ќе може да се ослободите од непосакуваните масни наслаги на стомакот без да се потите и напорно да вежбате секој ден. Па ајде да дознаеме како може да го тонирате стомакот без навистина да вежбате?

Спречете го задржувањето на вода во телото

Голем и неатрактивен стомак и неколку килограми вишок често настануваат поради задржувањето на вода во телото. Задржувањето на вода може да настане од многу работи – некому му е потребна професионална лекарска помош, а некому мала грижа, па има многу работи кои може да ги направите за вашиот стомак да изгледа и да биде послаб.

Пијте многу вода

Задржувањето на вода во телото е начин на кој телото ви кажува дека е дехидрирано, па затоа пиењето многу вода всушност може да ви помогне да се ослободите од вишокот вода и вашиот стомак ќе биде поатрактивен за кратко време. Водата и билните чаеви ќе бидат вашите најдобри сојузници и дефинитивно треба да заборавите на алкохолот (кој го дехидрира телото) и на засладените пијалаци, бидејќи шеќерот ја отежнува работата на дигестивниот систем.

Јадете правилно

Кога треба да направите вашиот стомак да изгледа помало со помош на храна постојат две основни правила кои треба да ги почитувате: не консумирајте солена храна (бидејќи солта предизвикува задржување на вода во телото) и јадете храна богата со вода како што се овошјето и зеленчукот.

Искористете ја моќта на модата

Вашиот стомак може да изгледа многу подобро без вежбање со помош на облека која ќе ви помогне да ги сокриете лошите и да ги нагласите добрите делови од телото.

Материјали кои може да го стегнат стомакот

Специјалната долна облека која е направена од иновативни материјали може да направи чуда за вашиот изглед. Секако дека нема да го направат вашиот стомак послаб, но секако дека ќе изгледате така.

Вратете ја модата од минатото

Ние зборуваме за корсетите и слична облека која порано жените ја носеа за да изгледаат попривлечно и во форма. Доколку носите корсети нема да ви биде многу удобно, но наместо тоа може да пробате тесни долни маици кои ќе ги дадат истите резултати.

Спијте доволно

Кој би помислил дека спиењето може да ви помогне да го намалите стомакот. Но тоа е вистина – истражувачите дознаа дека оние кои спијат помалку од препорачаните 8 часа во текот на ноќта природно ги зголемуваат килограмите. Истото се случува и со оние кои не спијат доволно и оние кои се будат во текот на ноќта. За да го спречите тоа, направете го следното...

Создадете совршена атмосфера за спиење

На поголем дел од луѓето им се потребни 5 работи за совршена атмосфера за спиење: пријатна собна температура, удобни пижами, душек и постелнина, доволно свеж воздух, мир и темнина. И сигурно ќе настапи мирен сон кој ќе го намали вашиот стомак.

Бидете активни

Искористувањето на целата енергија е одличен начин за да може добро да се наспиете. Прошетајте на свеж воздух или работете нешто и шансите да заспиете побрзо ќе бидат поголеми.

Машините нека ја прават цела работа наместо вас

Само доколку постоеше некоја револуционерна технологија која ќе може да вежба наместо вас, па вие нема да трошите време, пари и напор нели? Па треба да знаете дека постои.

Употребете ја моќта на ЕМС

Електромускулните стимулации (ЕМС) се користат за постигнување на одлични резултати во фитнес технологијата, каде личноста не треба да биде активна додека вежба – звучи фантастично нели? Фитнес додатоците вклучуваат ЕМС кои автоматски ги ослободуваат мускулите и ги зацврстуваат без потреба од напорна физичка активност. Ова може да ви биде од корист кога немате доволно време да вежбате или кога едноставно не сакате да се потите.

Ослободете се од масните наслаги со вибрации

Појасите кои вибрираат се исто така одлична опција – тие всушност ќе ви помогнат да се ослободите од масните наслаги, додека вие го правите она што го сакате – готвите, гледате филм, читате книга и сл. Супер нели?