Нема производи во вашата кошничка.

Справете се со хроничниот замор

Повеќе од една третина од сите луѓе, ненамерно, задремуваат во текот на денот. Најочигледната причина за ова е фактот дека не спиеме доволно. Но, нивоата на енергија не зависат само од 7 до 8 часа сон дневно, туку се поврзани со многу други фактори.

Погледнете како да се справите со заморот

Повеќе од една третина од сите луѓе, ненамерно, задремуваат во текот на денот. Најочигледната причина за ова е фактот дека не спиеме доволно. Но, нивоата на енергија не зависат само од 7 до 8 часа сон дневно, туку се поврзани со многу други фактори.

Можно е да ви е здодевно, да имате премногу или премалку работа или пак да сте соочени со хроничен замор. Еве како да се справите со оваа ситуација.

Размрдајте се!

Рутината обезбедува чувство на сигурност, но доколку постојано го живеете истиот живот, тоа може да ви го затапи чувството за време . Мозокот мрази повторување и кога е соочен со премногу репетитивност, едноставно се исклучува. Ова се должи на фактот што мозокот е така програмиран, што го игнорира познатото и бара новини за обработка.

Во исто време, новините активираат излачување на допанин, хемикалија што предизвикува „убаво чувство“. Последните студии поврзани со мозокот покажуваат дека допаминот е еден од главните извори на мотивација, т.е. во голема мера е одговорен за свесноста и будноста. Кога имате недостиг, се чувствувате уморно.

Но, не мора да отидете предалеку за да најдете допамин. Не мора да започнете да се бавите со падобранство, едноставна прошетка по блиската планина или посета на некоја изложба може да ја заврши работата. Важно е само да не заглавите во рутината.

Најдете ја својата страст

Или одново откријте некоја стара страст. Ако не ви се допаѓа она што го правите (работа, хоби, каузи и интереси), тогаш веројатно го мразите животот исто како постојано да сте упатени кон часови по математика. Мора да се зафатите со нешто што го сакате и што ви ја „зоврива“ крвта, за одново да почувствувате возбуда, т.е. да се почувствувате живи.

Дружете се со забавни луѓе

Луѓето кои секој ден го живеат со чувство за возбуда и многу енергија, можат да го пренесат влијанието на оние околу себе, исто како што заразите се шират во градинка. Во овој случај, се работи за позитивна социјална интеракција.

Пријател кој има ентузијастички пристап кон работата и животот може да направи повторно да го засакате своето секојдневие. Тоа ќе ве направи попродуктивно, но што е најважно, ќе ве ослободи од хроничниот замор.