Нема производи во вашата кошничка.

Совети за безбедно вежбање во жешките денови

Сите се возбудени со летото, знаејќи дека ќе можат да започнат со прошетки во природа, вежбање на отворено, уживање во сонцето, итн. Но, во лето времето е премногу жешко, овие активности можат да станат и опасни доколку не внимавате.

Прочитајте како вежбањето да остане безбедно и во најголемите горештини.

1. Запознајте се себеси

Не учествувајте во напорни вежби доколку веќе сте болни и имате: треска, дијареа или потежок случај на замор. Овие фактори можат да ја намалат толеранцијата на топлина на Вашето тело и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Намалете го интензитетот или времетраењето на тренингот (пешачете наместо да трчате или скусете го времето).

2. Постепеноста е корисна

Постепеното зголемувајте ги интензитетот и должината на вежбање кога сте соочени со жештини. На тој начин ќе го подготвите телото за подолгите и понапорни тренинзи на топло време, а ќе спречите и појава на повреди и болести.

3. Одморете

Правете мали паузи во тренинзите на отворено и погрижете се да имате соодветен одмор помеѓу тренинг сесиите. Паузите се важен одбранбен механизам против срцеви заболувања, а кон тоа придонесуваат и добрите навики на спиење, па затоа сонот направете го прв приоритет во животот.

4. Пијте вода (не алкохол)!

Излезете на тренинг на отворено само кога имате доволно течности во себе. Во деновите со високи температури клучно е во секој момент да имате вода со себе.

5. Проверете си ја урината

Потемна нијанса на урината е прв показател на дехидрација. Урината би требало да има боја на лимонада, а не на сок од јаболка. Колку потемна нијанса, толку повеќе вода треба да пиете. Никогаш не чекајте да стане предоцна.

6. Темпирајте го терминот

Гледајте да излезете на вежбање во постудените делови од денот (рано наутро или доцна навечер). Избегнувајте ги најжешките периоди од денот.