Нема производи во вашата кошничка.

5 Одлични совети за работа од дома

Многумина од вас најверојатно избраа да работат од дома, поради моменталната ситуација. И можеби, на почеток, нема да ви се чини толку различни – отсега ќе работите од масата во кујна наместо во канцеларија, сепак, треба да ги имате во предвид неколку работи. Ако не сте сигурни како да ја организирате работата од дома, ние имаме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат во овие тешки времиња.

1: Изберете место кое ќе го користите за работа

Најдобро е секогаш да работите од исто место, бидејќи ова ќе го истренира вашиот мозок да го поврзува ова место со работата. Препорачуваме да користите места кои обично ги користите за релаксација, бидејќи, ова може да направи да са опуштите премногу, дури и да ви се приспие.

Со оглед на околностите, ова е полесно да се каже отколку да се направи. Вашиот партнер може исто така работи од дома и ако имате деца, и тие треба да бидат дома поради епидемијата, што значи дека тие постојано ќе трчат наоколу и ќе бидат гласни. Сето ова значи дека можеби ќе треба да се одвоите од другите членови на семејството и да побарате ново тивко место за работа. Ако е можно сето ова, изберете едно или две места кои може да ги менувате и размислувајте поразлично додека избирате.Кој вели дека не можете да работите од подрумот, на терасата или во градината?

2: Направете распоред

На работа, работите се јасни. Ќе стигнете во 8 наутро, останувате до попладне, имате пауза за ручек некаде помеѓу, најверојатно околу половина час. Но, кога работите од дома, ова може да се влече низ целиот ден – па кога ќе дојде вечерта, сфаќате дека сѐ уште не сте го завршиле тоа што го планиравте. Ова е нормално и очекувано, но постои начин како да направите работите полесно да се движат.

Ќе ви биде полесно ако се придружувате до некаков распоред. Не спијте до доцна, станувајте во исто време како кога би оделе на работа. Само поради тоа што не треба да возуте до работа секое утро, треба да ви заштеди многу време, но, бидејќи не сте во можност да отидете и да си купите доручек, треба да инвестирате време и да си подготвите јадење дома. Тоа ќе ви одземе некое време.

Во секој случај, избегнувајте да извршувате домашни работи додека работите. Секако, ставањето на алиштата во машината за перење ќе ви одземе неколку минути, но, на крајот од денот, сите овие работи се собираат. Да не го спомнуваме и фактот дека тие ви ја нарушуваат концентрацијата. Па затоа, додека работите – работете и штом ќе завршите, посветете се на останатите обврски.

3: Останете во контакт со други луѓе

Доколку целото семејство е дома сега, најверојатно имате премногу друштво, но ако живеете сами или со партнер кој оде на работа, може да се почувствувате осамени. Тоа е сосема нормално, но има неколку трикови кои ќе ви помогнат да се чувстувате подобро.

Кога сте на работа, често си разговарате со колегите, кои седат близу вас. Можете и сега да го правите тоа, само не лично. Сигурно мора да комуницирате со колегите за теми поврзани со работата, но, искористете го времето за да си помуабетите како што би направиле и ви нормални околкности. Ова ќе ви помогне да одржите добри односи и да се чувстувате добро. Личните врски се многу важни, особено во вакви времиња.

Ви препорачуваме да не користите само комуникација преку е-маил. Секако, тоа е наједноставниот начин, но, обидете се да разговарате преку телефон или со некоја од апликациите за допишување.

4: Не работете во пижами

Молам? Не ли е тоа најдоброто кога работиш од дома? Да, но, ако сте навикнати да работите во поформална облека, најверојатно ќе се чувствувате непродуктивни во пижами. Веќе спомнавме колку е важно да имате соодветно место за работа, кој ќе ја обезбеди работната атмосфера, но и облеката е важен дел од ова.

Секое утро, одвојте време да се облечете соодветно и да се подготвите, исто како кога би оделе на работа. Ова ќе ја одржи продуктивноста и може да има клучен ефект на квалитетот на работата од дома.

5: Имајте сѐ што ви е потребно

Бидејќи ќе работите од дома кратко време, додека не завршат овие посебни околности, секако дека нема смисла да инвестирате голема сума во скапа опрема, бидејќи нема да ви биде поребна потоа. Но, можеби можете да си обезбедите основни работи кои ќе ви помогнат да си ја олесните работата.

Многу е важно да имате удобен стол кој ќе ви помогне да седите исправено, да го поставите мониторот на соодветна висина за вашите очи и да си обезбедите малку мир и тишина додека работите – ова е минимумот кој ви е потребен. Ова не значи дека треба да одите да купувате. Сигурно ќе најдете удобен стол дома, можете да ја регулирате висината на мониторот со ставање на нешто под него и, доколку ви е потребна тишина, можете да си набавите квалитетени слушалки кои ќе ја намалат бучавата околу вас и ќе ви помогнат да работите во тишина.