Нема производи во вашата кошничка.

Совети за попријатен здив

Ви се случило ли да се разбудите наутро и да помислите дека здивот ви е толку лош, што не сакате никој да помине блиску до вас, пред да ги измиете забите? Ако сте еден од луѓето што страдаат од лош здив, не очајувајте – секој проблем има свое решение.

Ви се случило ли да се разбудите наутро и да помислите дека здивот ви е толку лош, што не сакате никој да помине блиску до вас, пред да ги измиете забите? Ако сте еден од луѓето што страдаат од лош здив, не очајувајте – секој проблем има свое решение.

Редовно мијте ги забите

Во вашата уста има милиони бактерии и токму затоа е исклучително важно да ги четкате забите по секој оброк и да ги чистите со конец барем еднаш во денот. Со миењето на забите, ги отстранувате остатоците од храна во просторот помеѓу забите, чиешто распаѓање во голема мера придонесува за создавање непријатна миризба во вашата уста.

Чистете го јазикот

Научниците открија дека голем процент од бацилите што се кријат во вашата уста се наоѓаат на јазикот, а не на забите и непцата. Тие бацили во најголем процент се одговорни за несаканиот мирис на здивот. Затоа, од голема важност е редовно да го чистите јазикот со четка или чистач за јазик, но секогаш внимавајте и бидете нежни, за да не го повредите јазикот.

Пијте многу вода

Лошиот здив наутро всушност е предизвикан од сушењето на усната празнина, затоа што не пиете вода во текот на спиењето. Сувата уста често е причина зошто имате непријатна миризба и во текот на денот, затоа пијте доволно вода.

Секогаш носете си гума за џвакање

Иако гумата за џвакање е краткорочно решение, сепак, во одредени ситуации многу добро ќе ви дојде во борбата против лошиот здив. Ако не сте љубители на гуми за џвакање, купете си ментол бонбони.

Природни лекови за лош здив

Нане, магдонос, босилек, зелен чај и бројни други, природни лекови, можат да ви помогнат во битката со лошиот здив.

Консултирајте се со вашиот стоматолог

Ако мислите дека лошиот здив не се должи на недоволната орална хигиена, тогаш можеби постои друга, посериозна причина зад овој проблем и во тој случај треба задолжително да се консултирате со вашиот стоматолог. Тој треба да провери дали имате кариес или некаков друг проблем во усната празнина.

Како да проверите дали имате лош здив?

Излижете си ја дланката, почекајте неколку секунди за плунката да се засуши и потоа помирисајте ја. Тоа што го мирисате е мирисот на вашиот здив. Задоволни ли сте?