Нема производи во вашата кошничка.

Совети за пребродување на кризите во диетата

Секоја диета е тешка и доколку сакате да стигнете до целта која ја имате зацртано, мора да ги пребродите кризните моменти. Следниве неколку совети ќе ви помогнат да издржите...

Секоја диета е тешка и доколку сакате да стигнете до целта...

...која ја имате зацртано, мора да ги пребродите кризните моменти. Следниве неколку совети ќе ви помогнат да издржите...

На почетокот

На почетокот на диетата мора да бидете најсилни и најупорни. На телото му е потребно време да се прилагоди на новиот начин на живот, а особено на промените во исхраната. Периодот на адаптација е различен за секого и затоа не треба да очекувате инстантни резултати.

Поставете цели

Секогаш поставувајте реалистични цели, бидејќи ако поставите премногу високи цели, брзо ќе се соочите со недостиг на мотивација. А, мотивацијата е клучен дел од секоја програма за намалување на телесната тежина.

Не се прегладнувајте

Диетите во кои се прегладнувате не водат кон долгорочно слабеење, туку кон измачување. Со прегладнување предизвикувате повеќе негативни ефекти, вклучително и ослабување на имунолошкиот систем, недостиг од клучни хранливи материи и на крајот – конзумирање на мускулното ткиво. Сето ова може да предизвика бројни, сериозни болести. Доколку вашето тело нема доволно енергија за функционирање на виталните органи, нормално е да дојде до нарушување на здравјето.

Диетата станува дел од животот

Започнете диета која вклучува многу овошје, зеленчук, мешункасти плодови и други корисни хранливи материи. Уживајте во храната што ја јадете, за да ги избегнете кризите.

Избегнете ја досадата

Ако во текот на диетата не сте доволно зафатени, сигурно ќе посегнете по брза храна и ќе го уништите целиот план. Преокупирајте се со други активности и ќе ви биде многу полесно да се справите со потребата за храна.

Пијте многу вода!

Кога сте на диета мора да пиете многу вода. Покрај другите корисни ефекти на водата, таа може да предизвика чувство на ситост во моментите кога се соочувате со напади на глад.

Вежбајте

Секоја диета е побрза и поефикасна доколку е придружена со програма за вежбање. Доколку немате време за програма за вежбање, во најмала рака редовно одете на прошетки, по најмалку половина час, три пати неделно.

Наградете се

Ако не се наградувате, многу брзо ќе ви снема мотивација. Секому му е потребна награда од време на време. Од време на време, почестете се со парче чоколадо, еден сладолед или козметички третман.

Помали оброци – подобро здравје

Кога ќе се соочите со ненадеен напад на глад, јадете мал и нискокалоричен оброк. Овошјето е секогаш избор број 1 за ужинка помеѓу оброците. Никогаш не посегнувајте по слатки! Ако јадете помали оброци, тогаш нема да се прејадете за време на главниот оброк и нема да претерате со внесот на калории.