Нема производи во вашата кошничка.

7 одлични совети за контролирање на гладот

Дали сте сигурни дека сакате да започнете некоја диета? Супер, имате уште време за сериозни промени. Но, одлуката за започнување на диета е лесниот дел, контролирањето на гладот е оној потешкиот дел. Гладот исто така е причината поради која најчесто се откажуваме од нашата диета- едноставно не можеме да го поднесеме.

Дали сте сигурни дека сакате да започнете некоја диета? Супер, имате уште време за сериозни промени. Но, одлуката за започнување на диета е лесниот дел, контролирањето на гладот е оној потешкиот дел. Гладот исто така е причината поради која најчесто се откажуваме од нашата диета- едноставно не можеме да го поднесеме. Ние имаме одлични совети за тоа како да го победите гладот и да се придржувате до вашиот здрав начин на исхрана.

Совет 1: Јадете барем 5 оброци дневно

Ако не јадете ќе бидете гладни - а штом сте гладни, тогаш нема нешто што може да ве спречи да не јадете. Затоа диетите што имаат ограничен и мал број на калории не успеваат- едноставно повеќе не можете да го контролирате гладот.

Ако редовно јадете, најмалку 5 пати дневно, во помали порции, вашето тело ќе биде посреќно и позадоволно и полесно ќе може да го толерирале помалиот број на калории кои ги внесувате. Исто така е полесно за вашето тело да ги обезбеди хранливите состојки кои му се потребни и дополнително ќе го одржува нивото на шеќер во крвта и вам ќе ви биде полесно да го контролирате апетитот.

Совет 2: Не прескокнувајте оброци

Веќе сфативме дека е многу важно да се внесуваат повеќе мали оброци, но исто толку е важно и да не ги прескокнувате оброците. Можеби ви изгледа дека е добра идеја, бидејќи помалку оброци значат и помалку калории, но за жал вистината е многу посложена од тоа.

Штом прескокнете оброк, нивото на шеќер во крвта паѓа, што значи дека е многу потешко да се контролира апетитот - ова секако води до прејадување. Ниското ниво на шеќер во крвта исто така не дозволува да бидете сконцентрирани, а со тоа ќе бидете уморни и помалку продуктивни- што сигурно нема да ви помогне во секојдневниот живот.

Совет 3: Не го избегнувајте зеленчукот

Веќе знаете дека зеленчукот е добар за вас, па затоа не постои доволно добра причина за да го избегнувате. Но, постои и друга добра причина зошто треба да го вклучите во вашaтa секојдневна исхрана - тој е богат со влакна, а консумирањето влакна е одличен начин кој ќе ви помогне да го контролирате гладот.

Влакната го полнат вашиот желудник и со тоа се намалува чувството на глад. Истовремено имаат малку калории па затоа се одличен избор за вашата исхрана. Ако навистина сакате да ја пободрите исхраната пробајте брокула, карфиол, спанаќ и печурки. Тие се сите богати со влакна и имаат многу малку калории.

Совет 4: Почнете да јадете цели зрна

Ако често јадете преработени јаглехидрати, голема е веројатноста дека сте постојано гладни - и кој може да ве обвини. Преработените јаглехидрати најчесто немаат хранливи состојки и содржат мало количество влакна, па затоа не ве заситуваат. Истовремено, тие предизвикуваат нивото на шеќерот во крвта да порасне многу брзо и потоа за кратко време да падне повторно, што може да предизвика значителни промени во вашата енергија како и во апетитот. Храната од цели зрна е многу подобар и поздрав избор и ќе ви помогне да го контролирате апетитот и вашата телесна тежина. Она што е одлично е тоа што можете да јадете што и да сакате: леб, тестенини или ориз – сè додека го користите производите од цело зрно, а не белите.

Совет 5: Одвојте доволно време за секој оброк

Сите знаеме дека времето е многу важна работа и дека на сите ни недостасува, но сепак обидете се да одвоите доволно време за вашите оброци- многу е важно. На вашиот мозок му треба време да ја добие пораката дека вашиот стомак е полн и ако не му го дадете тоа време – тогаш ќе се прејадете.

Одвојте време и бавно јадете ги вашите оброци. Избегнувајте да јадете додека гледате телевизија или пак да читате списанија- бидејќи ќе ви се одвлече вниманието. Наместо тоа, сконцентрирајте се на она што јадете и пробајте да уживате во секој залак – ќе бидете наградени.

Совет 6: Спијте доволно

Губење на телесна тежина додека спиете? Звучи многу добро за да биде вистинито нели? Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои спијат само 5 часа секоја ноќ се склони кон дебелеење и имаат прекумерна телесна тежина, за разлика од оние кои спијат 7 до 9 часа. Можеби вечерва порано ќе си легнете?

Совет 7: Пијте повеќе вода

Постои едноставен совет кој најверојатно сте го слушнале милион пати, но навистина делува: пијте повеќе вода. Тоа е најздравиот, најевтиниот и наједноставниот начин да ги намалите килограмите.

Водата ќе ви го наполни стомакот и со тоа ќе го потисне вашиот апетит. Исто така многу е важно да знаете дека често можеме да го помешаме гладот со жедта. Кога се чувствувате гладни, најпрво напијте се чаша вода, потоа почекајте 10-20 минути- голема е веројатноста дека гладот ќе исчезне.