Нема производи во вашата кошничка.

Како да ја искористите сезонската зимска храна

Како да ја искористите сезонската зимска храна за да ги одржувате или намалите килограмите?

Зимата е оној период во годината кога се сретнуваме со проблемот наречен дополнителни, несакани килограми. Како да го одбегнеме ова? Еве 7 неверојатни сезонски зимски производи кои ќе ви помогнат да ја одржувате, па дури и да ја намалите телесната тежина за време на најстудениот период од годината.

Овесна каша

Овесната каша е совршен избор на зимски појадок. Не содржи многу калории, а истовремено има многу хранливи состојки кои ќе ви дадат доволно енергија за да бидете продуктивни неколку часа. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат овесна каша за појадок, внесуваат помалку калории за време на ручекот – идеална алатка за оние кои не сакаат да купуваат поголем конфекциски број за време на зимата …

Мед

За време на студените зимски ноќи, нема ништо поубаво од залак или два од вашето омилено слатко задоволство нели? Секако, но проблемот е тоа што јадењето премногу шеќер ќе направи брзо да ги вратите килограмите – па како да јадете слатко, а да не внесувате многу шеќер? Едноставно, користете мед за да го засладите чајот. Тоа е многу поздрав избор, но не претерувајте: една голема лажица мед содржи повеќе калории од една лажица шеќер. За среќа, медот изобилува со убав вкус, така што ќе треба да ставите многу малку за да уживате во слаткото задоволство!

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се одличен избор кога треба да одберете зимска ужинка. Тие содржат големи количини на масти, кои ќе ви дадат енергија, а сепак ги имаат здравите масти кои ќе ви помогнат да го намалите нивото на холестеролот во крвта. Дополнителен бонус е тоа што може да ги користите и во појадокот, ручекот или пак вечерата.

Кокосово млеко

Дали знаете дека кокосот, покрај нераскинливата врска со тропските лета, е достапен и може да се купи во текот на целата година? Па зошто оваа зима да не користите кокосово млеко наместо обично млеко? Според некои истражувања кокосот го забрзува метаболизмот и помага при намалување на килограмите. Но не купувајте било какво кокосово млеко бидејќи некои рафинирани видови имаат многу калории.

Поточарка

Поточарката изобилува со хранливи состојки и најлесно може да ја најдете во текот на зимата. Еден килограм поточарка содржи само 110 калории, па може да јадете колку сакате. Најдобриот дел за јадењето поточарка е дека нема да ви треба многу – таа е полна со хранливи состојки и ќе ви даде многу енергија, а сепак нема да внесете многу калории. Совршен лесен додаток за јадењата со месо. Сигурно ќе уживате.

Лиснат темен зеленчук

Кога станува збор за зеленчук, зимата најчесто ни ги ограничува можностите бидејќи нема многу избор. Но нема недостаток на темен лиснат зеленчук, а тие се одличен избор за одржување, па и за намалување на телесната тежина. Тие содржат помалку калории, но ако се подготват на вистински начин можат многу да ве заситат. Направете многу оброци во кои ќе ставите кељ, блитва и брокула и ќе видите колку е лесно да ја одржите телесната тежина.

Грејпфрут

Грејпфрутот и неговиот сок се користат како дел од многу диети – зошто е тоа така? Па, можеби поради тоа што сокот од грејпфрут ги уништува ефектот од масната храна со која се накачуваат килограмите. Можеби и затоа што го стабилизира нивото на шеќерот во крвта, го намалува импулсивното внесување на нездрава храна и прејадувањето. Или можеби затоа што е ниско калорично овошје кое е полно со влакна, па и покрај тоа што е лесна храна ви дава многу енергија. Не е важно која причина најмногу ви се допаѓа – грејпфрутот е одличен избор!