Нема производи во вашата кошничка.

Креативни идеи за семејни, празнични активности

Ни престојат најубавите празници во годината: Нова година и Божиќ. Снег насекаде, време без обврски, поминато со семејството – вистински рецепт за совршени празници. Ако немате идеја како да ги разубавите празниците, ви подготвивме неколку предлози.

Декорирајте заедно

Нема ништо поубаво отколку убаво украсен дом. Украсувањето на домот не е само обврска, туку и многу пријатна забава. Вклучете го целото семејство во декорирањето, направете топло чоколадо и создадете неколку домашни украси. Заедничките активности дефинитивно ќе им се допаднат на вашите деца, а воедно ќе го внесете и празничниот дух во домот.

Излезете надвор

Дури и ако времето не е совршено за долги прошетки, излезете надвор. Облечете се топло, земете ги капчето и ракавиците и излезете на заедничка прошетка. Ако снегот падне, можете да правите снешко.

Одвојте време за семејството и пријателите

Сите имаме роднини и пријатели со кои не се гледаме доволно во текот на годината. Недостигот од време и претераните обврски едностанво не ни дозволуваат да поминеме верме со луѓето што ги сакаме. Можете да ги поканите овие луѓе, да извадите колачиња и грицки или пак одвојте малку повеќе време и подгответе вечера. Во исто време и вашите деца можат да се запознаат со новите другарчиња и да си играат со нив.

Бидете креативни и откријте ги своите таленти

Нема ништо поубаво од времето што ќе го поминете во откривање на вашето совршено хоби. Дали имате желба за цртање, сликање или нешто слично? Соберете го семејството, подгответе материјали и обидете се да ги откриете талентите на сите членови од семејството.

Преземете ја кујната

Ако готвењето ви претставува кошмар во текот на годината, истата активност за време на празниците може да претставува вистинско задоволство. Одвојте малку време, испробајте ги омилените рецепти, а можеби најважно од сѐ, обидете се да го вклучите целото семејство во процесот на готвење и подготовките. Ако не знаете што да подготвите, сигурно нема да погрешите со некој рецепт за десерт. Што е уште поважно, кога ќе завршите со приготвувањето, сите ќе уживаат во крајниот производ.