Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Есенски попусти

Есенски попусти - Оваа есен искористете ги најголемите попусти, дури до 70%

Оваа есен искористете ги најголемите попусти, дури до 70%

 
Понудите важат уште:
[banner_timer]
 

Само вечерва 18:00-06:00

Само вечерва 18:00-06:00 - Дополнителни 10% попуст.

Дополнителни 10% попуст.

 
Понудите важат уште:
[banner_timer]
 

Dormeo ХОО ХОО Бувчиња со чувства

Photo
Video

Dormeo Хоо-Хоо Бувчињата со чувства се 3во1 подарок за секого, мал или возрасен, кој не се плаши да ги прифати своите чувства. Секој був може да се користи како прекрасна мека играчка или перница и заедно со мекото ќебе, секогаш ќе бидете подготвени за гушкање, спиење или игра, каде и да сте. Изберете една од четирите чувства и дизајни.

Dormeo ХОО ХОО Бувчиња со чувства
1.290,00 ден.
Изберете
Јавете ни се на 02 3094-550
За да го дознате времето на испорака, одберете од дадените опции.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Технички карактеристики
Кратко инфо

Dormeo Хоо-Хоо Бувчињата со чувства се 3во1 подарок за секого, мал или возрасен, кој не се плаши да ги прифати своите чувства. Секој був може да се користи како прекрасна мека играчка или перница и заедно со мекото ќебе, секогаш ќе бидете подготвени за гушкање, спиење или игра, каде и да сте. Изберете една од четирите чувства и дизајни.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Хоо-Хоо бувче за секое расположение

Паметен був кој знае дека прифаќањето на вашите чувства и чувствата на тие околу вас е основа за среќна врска и поздрав, поуспешен живот. Сега вие или некој ваш сакан може да ги прегрне чувствата со 3во1 Dormeo Хоо-Хоо Бувчињата со чувства. Був, играчка, ќебе и перница, за удобност и забава каде и да сте.

Dormeo Emotion Owl Dormeo Emotion Owl Dormeo Emotion Owl Dormeo Emotion Owl

Три практични намени во едно забавно пакување

Сетот има 3 во 1 намени кои го прават идеален подарок и другарче за патување. Бувот е:

  • Прекрасна, мека играчка, познато лице и сакан другар.
  • Перница за дремки или кога е потребна дополнителна удобност, во автомобил или на пикник.
  • Меко ќебенце, кое е пријатно за држење и ве топли. Идеално за користење додека вашето малечко спие или секаде каде што ви е потребна удовноста од домот во шармантно издание.

Ќебето е со димензија 130x180см. а секој був е околу 26см висок. И ќебето и бувот се перат во машина за алишта, со цел да ги одржувате свежи и прекрасни по долги години пријателство со вашето дете.

Dormeo Emotion Owl

Учиме за чувствата со пријател

Како што децата учат за светот, тие треба да ги разберат и чувствата и како успешно да се справат со нив. Dormeo Бувчињата со чувства им помагаат да го истражат светот и да се чувствуваат безбедно, на забавен начин. Запознајте ги нивните (и вашите) нови пријатели Dormeo Бувчињата со чувства.

  • Dormeo Emotion Owl

    SHOO-SHOO

    Shoo-Shoo е многу храбар був. Ќе ви помогне да се справите со стравовите а особено е храбар кога станува збор за лошите соништа. Држете го Shoo-Shoo во рацете во текот на ноќта и ако имате кошмари, тој ќе направи »бууу« и ќе ги избрка лошите соништа.

    Shoo-Shoo ќе ве штити и ќе ве чува.

  • Dormeo Emotion Owl

    YUU-HUU

    Yuu-Huu е среќен був. Го гледа доброто во сè и неговата позитивност ќе се пренесе на вас.Yuu-Huu ќе ве натера да го гледата доброто околу вас... денес беше сончево, нели? Woohoo! Дали се насмеавте барем 5 пати? Woohoo! 

    Yuu-Huu ќе ви помогне да ги затворите очите и да го видите светот исполнет со работи за кои треба да сме среќни.

  • Dormeo Emotion Owl

    LOONY-COO

    Loony-Coo е був кој секогаш е подготвен за забава. Ќе направи никогаш да не ви биде досадно. Ќе ги покани откачените и забавни соништа, па никогаш нема да ја изгубите фантазијата и секогаш ќе се будите со насмевка. Loony-Coo и откачените соништа се тука за вас!

    Loony-Coo ќе ве потсети дека никогаш не треба да ја изгубите искрата од детските лудории и дека животот секогаш треба да биде откачен!

  • Dormeo Emotion Owl

    BLU-BLU

    Blu-Blu ќе ве научи дека понекогаш има зошто да бидеме тажни и тоа е во ред. Зборувајте со Blu-Blu за сè што ве растажило, вашиот умен пријатели знае дека споделувањето на тагата помага. Потоа, бувчето ќе ги сподели најмеките прегратки за да сфатиш дека и најтажните моменти ќе поминат.

Предностите на емоционалното здравје

Истражувањата покажуваат дека емоционалното здравје може да помогне во водење на посреќен и поисполнет живот. Луѓето кои се справуваат со чувствата имаат:

  • посреќни и постабилни врски.
  • поголема самодоверба и повеќе позитивни чувства за себе и за светот.
  • подобри резултати на училиште и на работа.
  • помалку проблеми со однесувањето.
  • подобро внимание и фокус.
Dormeo Emotion Owl

Ефектот кој го имаат боите врз децата

Боите влијаат на функционалноста на телото, умот и емоциите. Истражувањата ги покажуваат предностите кои боите ги имаат на развивањето на мозокот, креативноста, продуктивноста и учењето. Ефектите на боите може да варираат: предизвикувајќи возбуда, смиреност, инспирација, анксиозност или тензија или мир. Овие ефекти може да се надгледуваат подетално кај децата, бидејќи врските во мозкот не се целосни додека детето не наполни 5 или 6 години.

Погледнете подолу кои ефекти можете да ги очекувате ако вашето дете е опкружено со боите на Dormeo Бувчињата со чувства.

Dormeo Emotion Owl

ЖОЛТАТА е највеселата боја. Преставува знаење и добрина, емитува топлина, радост, ентузијаза, забава и инспирација. Жолтата е релативно светла боја и како таква има освежувачки ефект.

Благодарение на фактот дека оваа боја влијае на меморијата, мотивацијата и вниманието, се препорачува да се користи во детските соби. Сепак, нејзиниот интензитет може да предизвика напнатост и гнев.

Dormeo Emotion Owl

РОЗЕВАТА боја има позитивно влијание. Нè опушта, релаксира и топли. Психолошки, таа е јака боја. Претставува континиутитет на живите суштества како и женственост..

Обидете се да не користите премногу розева боја бидејќи може да биде заморувачка. Во собите на срамежливи и интровертни деца може да доведе до дополнително повлекување. Сепак во послаби тонови, предизвикува топлина и мир.

Dormeo Emotion Owl

СИНАТА боја има студена и утешителна природа и може да се користи со активни деца поради нејзиниот ефект на смирување. Ја намалува температурата на телото, крвниот притисок и пулсот и предизвикува чувства на задоволство, пространост и удобност.

Се препорачува да се користи во детските соби, особено за бебиња. Употребата на оваа боја им помага на бебињата лесно и мирно да заспијат.

Dormeo Emotion Owl

Чистата СИВА е единствената боја која нема директни психолошки карактеристики. Студена е, неутрална и балансирана боја но без емоции. Често се поврзува со значење на досадно, нечисто како и формално, конзервативно и софистицирано.

Сивата е стабилна боја која создава чувство на смиреност и прибраност, олеснување од хаотичниот свет. Безвременска и практична боја.

Кажете здраво на Dormeo Mini Бувчињата со емоции

Секое од 3во1 бувчињата има своја мини верзија висока 16см, која е шармантна и мека играчка, доволно мала да ја понесете секаде и секогаш е подготвена за прегратка. Нели се преслатки?

  • Dormeo Emotion Owl

    Mini Blu-Blu и Loony-Coo заедно на лулашка.

  • Dormeo Emotion Owl

    Mini Yuu-Huu и Shoo-Shoo го истражуваат светот.

Технички карактеристики
Димензија Ќебе: 130x180 cm; Бувче: В - 33 cm, Ш - 27 cm
Дормео програма дневна соба
Материјал 100% polyester

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star