Нема производи во вашата кошничка.

Работењето повеќе од 8 часа дневно може да ви го наруши здравјето

Според најновото истражување на работните навики на луѓето, работењето подолго од 8 часа на ден може да ви го загрози здравјето. Ова можеби е вистинскиот изговор кој ви е потребен за да направите мал одмор од напорната работа.

Според најновото истражување на работните навики на луѓето, работењето подолго од 8 часа на ден може да ви го загрози здравјето.

Ова можеби е вистинскиот изговор кој ви е потребен за да направите мал одмор од напорната работа.

Ако денес сте на своето биро подолго од 8 часа, тогаш можеби треба добро да размислите за потенцијалните последици по здравјето. Финските истражувачи откриле дека работењето подолго од 8 часа во денот ги зголемува шансите за појава на срцеви заболувања и до 80 проценти.

На што се должи ваквото нагло зголемување?

Научниците велат дека се работи за тројно нараснување на ризичните фактори: големи покачувања на нивото на стресот, повишување на крвниот притисок и згора на тоа нездрава исхрана.

Оваа студија воопшто не е провизорна, ниту пак е направена на ограничен број испитаници. Здравствените податоци кои биле користени за да се извлечат прецизни заклучоци се земени од активни работници, но и од архивите, од вработени уште од 1958 година. Затоа, размислете колку долго денес ќе останете на работа...