Нема производи во вашата кошничка.

Справете се со пролетниот замор

Пролетниот замор настанува поради промената на годишните времиња, која може да потрае подолго време, понекогаш и до почетокот на мај. Затоа треба да знаете како да се справите со него...

Без разлика колку спиете, се случува да сте постојано заморени.

Ова не е последица на ништо друго, туку на зимската исхрана.

Со месеци се храневте со еднолични јадења кои изобилуваат со „празни калории“, но имаат недостиг на хранливи материи. Недостигот на витамини и минерали, а особено на витаминот Ц може да доведе до намалено искористување на кислородот во клетките и општ пад на имунитетот.

Прв чекор за враќање во нормалата е внесување многу овошје и зеленчук во исхраната. Овој наплив на витамини и минерали ќе му дојде одлично на Вашето тело. Доколку за една недела не почнете да се чувствувате подобро, размислете за земање додатоци во форма на таблети.

Следен чекор во освежувањето се секојдневните прошетки. Времето полека станува поубаво, а тоа Ви е шанса да излезете некаде на свеж воздух. Секојдневно овозможете си прошетки од барем половина час.

Појадокот е најважен за борба против заморот. Дополнително, од нутриционистички аспект, клучно е да пиете барем два литри вода дневно, за побрза детоксикација. Водата исто така го олеснува варењето и Ви дава чувство на зголемена сила.

Туширајте се со студена вода за да ја подобрите циркулацијата и брзо да се разбудите. Доколку не можете да издржите туширање со студена вода, обидете се со наизменични млазеви студена и топла вода. Ќе го добиете истиот ефект на расонување.

Освежете го ентериерот.

По долгата и сива зима, многу е важен психолошкиот ефект на доаѓањето на пролетта. Доколку во раната пролет се случи да зачестат деновите со дожд или пак да падне уште еден снег, тогаш создадете контра ефект со тоа што ќе вметнете светли и живи бои во ентериерот кои ќе Ви го повратат оптимизмот и доброто расположение.