Нема производи во вашата кошничка.

Продукти кои ја намалуваат подуеноста во стомакот

Дали денес се чувствувате подуено? Па, сите се чувствуваме така понекогаш... Иако подуениот стомак може да биде знак на сериозни здравствени проблеми, често може да биде и последица на погрешен избор на храна. Што треба да јадете за да ја избегнете подуеноста во стомакот?

Дали денес се чувствувате подуено? Па, сите се чувствуваме така понекогаш... Иако подуениот стомак може да биде знак на сериозни здравствени проблеми, често може да биде и последица на погрешен избор на храна. Што треба да јадете за да ја избегнете подуеноста во стомакот?

Несолена храна

Да, дефинитивно нема да има добар вкус како посолената храна, но некогаш мора да жртвувате нешто за да изгледате и да се чувствувате добро. Доколку консумирате многу сол вашето тело ќе задржува повеќе вода – непријатна последица од јадењето на многу зачинета храна, но лесно може да се спречи доколку престанете (или барем ја намалите) солта во вашата исхрана.

Вода

За да може да врши важни функции на нашето тело му се потреби течности, но многу луѓе грешат и пијат газирани пијалаци и затоа се чувствуваат подуено. Бидете искрени кон себе си: колку газирани пијалаци испивте во последната недела? Решението е едноставно – наместо тоа, пијте вода или чај и веднаш ќе ја почувствувате разликата.

Банана

Банани? Да, банани! Можеби сметате дека ова е тешка храна за вас, но бананите всушност содржат многу влакна и калиум, кои го намалуваат задржувањето на течности во вашето тело. А добрите вести се што вие можете да додадете банани во речиси секој ваш оброк – појадокот, лесни попладневни ужинки, овошни салати, па дури и десерти.

Кафеав ориз

Ако кафеавиот ориз може да ви помогне во борбата против подуеноста, тогаш и обичниот бел ориз ќе го направи истото нели? Погрешно! Кафеавиот ориз е многу добар избор бидејќи се преработува подолго време, вие се чувствувате сити и желбата да јадете нешто друго ќе се  намали.

Јогурт со пробиотици

Јогуртот со пробиотици може многу да ја подобри работата на дигестивниот систем, а со поефективна дигестија и здрав дигестивен систем, вашето тело ќе може да се справи со гасовите и сличните непријатности кои предизвикуваат подуеност.

Краставица

Краставиците се одлични за третирање на темните кругови околу очите, но исто така ја намалуваат подуеноста. Тие се природни диуретици – помагаат да се исфрли вишокот вода од телото. А тоа е многу добро чувство, посебно кога имате проблеми со  подуеноста.

Целер

Природен непријател на подуеноста е целерот. Тој содржи многу вода и помага да се исфрлат токсините од телото. Исто така, тој помага за да се подобри работата на дигестивниот систем и го намалува задржувањето на вода во организмот. Познато е дека еден целер дневно ќе ја намали подуеноста во стомакот. Исто така се препорачува да не јадете сиров целер (истото важи за секој зеленчук), бидејќи сировиот зеленчук е потешко сварлив.

Лубеница

Бидејќи лубеницата е сезонско овошје нема да ви помогне да ја намалите подуеноста во текот на цела година, но тие се најдобриот избор секогаш кога може да ги набавите. Дали знаете дека лубеницата содржи 90% вода? Таа е природен диуретик и содржи калиум кој го спречува задржувањето вода во организмот.

Куркума

Тоа е најдобриот зачин кога станува збор за борбата против подуеноста. Овој зачин најмногу се цени во Азија. Се користи за различни проблеми со стомакот, меѓу кои и подуеноста.

Аспарагус

Аспарагусот ќе биде виновен за чудниот мирис на вашата урина, но тоа е мала цена која ќе ја платите за да ја намалите подуеноста во стомакот нели? Сигурно ќе ви помогне да се ослободите од вишокот вода во телото, што е всушност и причината поради која се чувствувате подуено.

Ѓумбир

Ѓумбирот е природен лек кој се користи за намалување на различни проблеми поврзани со здравјето. Се смета дека ја поттикнува работата на дигестивниот систем и ја намалува подуеноста во стомакот. Би се напиле една чаша чај од ѓумбир нели?