Нема производи во вашата кошничка.

Природни лекови за настинка

Есента е време кога децата повторно се на училиште, сите се вратени од одморите и повторно се на своите работни места, а сета таа раздвиженост значително придонесува за раширување на вирусот на настинка. Справете се со неа со дел од природните лекови.

СПРАВЕТЕ СЕ СО НАСТИНКИТЕ СО ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ!

Есента е време кога децата повторно се на училиште, сите се вратени од одморите и повторно се на своите работни места, а сета таа раздвиженост значително придонесува за раширување на вирусот на настинка. Справете се со неа со дел од природните лекови.

Инхалација

Вдишувањето на пареата во тушот, наведнувањето над тенџере со зовриена вода или пак ставање на загреана крпа на лицето го олеснува дишењето, а топлината на лицето дава убаво чувство доколку имате и проблеми со синусите.

Пилешка супа

Една студија од пред десетина години покажа дека пилешката супа има антивоспалителни својства кои ги олеснуваат симптомите на настинката. Проблемот со оваа студија е што не може научно да се поткрепи, бидејќи не постои плацебо за пилешка супа.

Но, дури и ако тоа не е сосема точно, самото јадење на нешто што сте го добивале како дете, ќе направи да се чувствувате добро, а дополнително, ќе внесете доста течности и хранливи материи од зеленчукот.

Витамин Ц

Земањето витамин Ц можеби нема да го спречи настинувањето, но затоа може значително да го намали времетраењето, доколку редовно се зема по разболувањето. Она што е интересно е дека кај луѓето во одлична физичка форма (како што се маратонците), витаминот Ц може да го намали ризикот од настинка и до 50 проценти.

Лук

Постојат студии кои велат дека лукот не само што го намалува ризикот од настинка, туку и го скусува времетраењето на болеста доколку ја добиете. Други студии пак покажале дека ова не може да се докаже. Во секој случај, не може да Ви наштети.

Мед

Медот е најпопуларен кога станува збор за лоши кашлици. Една супена лажица мед пред легнување ги намалува симптомите на кашлање, особено кај децата. Ова е еден од поомилените лекови на децата.

Одмарање и многу течности во топло место

Се чини дека најдобриот лек, особено кога станува збор за децата е да го правите она што лекарите отсекогаш го препорачувале – многу одмарање на каучот, со топол пијалак пред себе. На овој начин му овозможувате на организмот да ја искористи целата енергија во борбата против вирусот, т.е. многу побргу да победи во битката.