Нема производи во вашата кошничка.

Пребрзото јадење го скусува животот

Пребрзото јадење ја зголемува веројатноста за прекумерно зголемување на телесната тежина. Експертите укажуваат на тоа дека здравјето во голема мера зависи од брзината не само на јадењето, туку и на другите секојдневни активности.

Здравјето во голема мера зависи и од другите секојдневни активности

Пребрзото јадење ја зголемува веројатноста за прекумерно зголемување на телесната тежина. Експертите укажуваат на тоа дека здравјето во голема мера зависи од брзината не само на јадењето, туку и на другите секојдневни активности.

Пребрзо јадење

Според најновите истражувања, пребрзото јадење на храната најчесто предизвикува киселини во желудникот.

Така на пример, доколку оброк од 700 калории биде внесен за 5 минути, наместо за половина час, може да предизвика до 50 проценти поинтензивни киселини во желудникот, бидејќи големите парчиња храна предизвикуваат прекумерно и забрзано излачување.

Доколку ова трае подолго време, може да доведе до развој на гастритис. Доколку правилно ја џвакате храната, секој оброк треба да Ви трае најмалку 20 минути.

Пребрзо дишење

Здравите возрасни луѓе земаат просечно по 10 до 14 здива во минута. Но, некои луѓе вдишуваат и преку 20 пати.

Ова може да доведе до задишаност, но и цела палета други симптоми, како што се: отрпнување на прстите и усните, аритмија, хроничен замор и иритација на гастроинтестиналниот тракт. Сето ова е знак дека дишете преку устата, наместо да земате подлабоки здивови преку носот.

Измерете ја брзината на дишење во состојба на мирување и доколку вдишувате преку 20 минути во минута, консултирајте се со матичниот лекар, бидејќи тоа може да биде индикатор за посериозни проблеми.

Пребрзо пиење

Ризикот од пребрзото пиење алкохол лежи во фактот што телото не може доволно брзо да го процесуира. Овие луѓе не само што имаат поголема веројатност да се онесветат, туку најчесто продолжуваат да пијат и по точката до која телото може лесно да се опорави од токсичните ефекти.

Последица од ваквиот начин на пиење може да биде и оштетување на црниот дроб, бидејќи тој е способен за справување со една доза алкохол на час.

Доколку се одлучите да конзумирате алкохол, најдобро е да изедете помал оброк пред пиењето, а додека пиете, наизменично да внесувате алкохолни и безалкохолни пијалаци.