Нема производи во вашата кошничка.

Клучни 3 правила за патување како пар

Првиот одмор како пар е огромен чекор во една врска, со оглед на тоа што може да дојде до голем број проблеми и несогласувања и многу лесно може да се случи првиот одмор да ви биде и последен. За да ја избегнете оваа незгодна ситуација, следете ги трите клучни правила за патување како пар.

Првиот одмор како пар е огромен чекор во една врска...

Со оглед на тоа што може да дојде до голем број проблеми и несогласувања и многу лесно може да се случи првиот одмор да ви биде и последен. За да ја избегнете оваа незгодна ситуација, следете ги трите клучни правила за патување како пар.

1. Заедно планирајте го патувањето

Можеби ќе паднете во искушение да му кажете на вашиот партнер да го испланира одморот, но тогаш немојте да се изненадите ако во одморот се вклучени 7 нуркања, 5 искачувања на планина, одење во музеј и минимално време за на плажа. За плановите да ви одговараат на двајцата, мора да ги направите заедно. Неопходно е двајцата да кажете што ви е важно, за да ја најдете златната средина.

2. Направете компромис

Ако едниот од вас посакува времето да му е исполнето со авантуристички прошетки, а другиот сака да се излежува на некоја песочна плажа, многу е важно да постигнете компромис уште пред да тргнете. Наместо цело време да шетате или цело време да лежите на плажа, комбинирајте ги деновите. Неколку дена искористете за одење на долги и возбудливи проштеки, неколку за сончање и пливање. Доколку можете да се договорите пред да заминете на одмор, многу е веројатно дека таму ќе ги избегнете најголемите караници.

3. Очекувајте непредвидени ситуации

При секое патување постојат бројни нешта што едноставно не можете да ги предвидите, уште помалку да ги контролирате. Тука се вклучени: одложени летови, променливо време, како и разочарувања од условите во хотелот кој изгледал прекрасно на интернет, но само на интернет. Една од основите на заедничкото функционирање е и способноста да не дозволите стресот да ви наштети на врската. Опуштете се и извлечете го максимумот од секоја можна ситуација.