Нема производи во вашата кошничка.

5 прашања пред да се одлучите за брак

Љубовта е прекрасно чувство – додека трае. Сето она што ви било невино и симпатично додека сте биле маѓепсани, се претвора во отворени прашања на кои не можете да најдете одговор ниту откако ќе се разведете

Љубовта е прекрасно чувство – додека трае. Сето она што ви било невино и симпатично додека сте биле маѓепсани, се претвора во отворени прашања на кои не можете да најдете одговор ниту откако ќе се разведете. Со цел да ги одбегнете ваквите компликации, ние подготвивме листа од 5 прашања кои треба да одговорите пред да се одлучите за брак.

Прашање 1: Ќе имате ли деца?

Ова е една од најважните одлуки кои треба да ги донесете во вашиот живот. 

Нема средина

Доколку едниот од вас сака да има многу деца, а другиот сака да ужива во својата слобода, со време ова ќе стане голем проблем бидејќи по ова прашање нема средина. Како и да одлучите едниот од вас може да се прилагоди, меѓутоа тоа секако дека ќе остави последици во вашата врска и ќе биде причина за поголеми недоразбирања.

Кога и колку?

Доколку се согласите дека сакате да имате деца, следното прашање е кога и колку.

Како?

Секако дека не смееме да го заборавиме и прашањето на начинот на воспитување на вашите деца: религија, строгост, слободен пристап, итн.

Прашање 2: Како ќе ги водите финансиите?

Финансиите се најчестата причина за разделување на партнерите. Можеби сметате дека парите не се важни – но запомнете: љубовта не ги плаќа сметките.  

Дали сте и двајцата вработени и дали имате друг редовен извор на финансии?

Дали планирате да го задржите редовниот приход?

Ако и двајцата имате добра работа и едниот од вас сака да даде отказ и да се посвети на своето хоби, ситуацијата значително ќе се измени.

Што инвестирате во вашата врска?

Време е да поразговарате за вашите заштеди и долгови. Споменете ги и заедничките финансиски цели: дали сакате да купите стан или ќе живеете под кирија; дали ќе штедите уште некое време или пак ќе се одлучите за поголем кредит...

Што е со секојдневните финансии?

  • Дали ќе имате заедничка сметка или две одделни?
  • Дали ќе ги делите трошоците?
  • Кој ќе ги плаќа сметките?
  • За кои трошоци ќе се договарате? 

Прашање 3: Како ќе го поминувате слободното време?

Доколку вашиот начин на поминување на слободното време е сосема различен, можно е да наидете на одредени проблеми. Како ќе поминува времето вие се помалку ќе бидете заедно што ќе резултира со одделување на вашите патишта.

Прашање 4: Кои се вашите очекување во врска со сексот?

Сексот е важен дел од секоја врска. Истовремено, тој не е активност на која можете свесно да влијаете. Колку често (дневно/неделно/месечно...)? Кои се вашите скриени желби, потреби...?

Прашање 5: Како ќе ги поделите обврските?

Голем број млади луѓе воопшто не се навикнати на домашна работа – нивните мајки биле задолжени за тоа и тие мислат дека работите едноставно се случуваат. Но, тоа не е точно, па затоа не ги делете домашните обврски на машки и женски. Доколку живеете во стан под машка работа би се подразбирало само повременото менување на сијалици.