Нема производи во вашата кошничка.

Како до повеќе енергија на работното место

Без разлика што и да направите, понекогаш едноставно ви снемува енергија во текот на работниот ден. За да се справите со овој проблем, треба да создадете рутина што ќе ви даде повеќе енергија, секој ден.

6.00 Будење

Наместете го будилникот 15 минути пред времето кога мора да станете, за да можете постепено да се разбудите и да се навикнете. Кога си легнувате, кренете ги ролетните до половина, за кога сонцето ќе се појави да ви помогне во процесот на будење.

7.00 Подготовки

Пред да тргнете на работа, јадете помал појадок, за да го активирате метаболизмот. Дури и нешто едноставно како јаболко и грст печени бадеми ќе ви обезбеди доволно енергија за почеток на денот.

8.00 Патување

Ако морате да патувате на работа, направете си ментални вежби со кои ќе го намалите неизбежниот стрес. Ако стоите или седите во автобус, можете да медитирате.

9.00 Организирајте се

Колку ви е понесредено бирото, толку е поголем стресот со кој сте соочени. Најдобро време за организирање е рано наутро, пред да се натрупа работата и да започнат состаноците.

10.00 Време за кафе

Премногу кафе може да ви наштети и да ве направи поуморни, но шолјата топло кафе во 10 часот може да биде токму она што ви е потребно за целосно да се расоните и да го започнете работниот ден.

12.00 – 13.00 Ручек

Јадете надвор или пак во кујната. Избегнувајте јадење на биро, поради бројните здравствени ризици кои потекнуваат од најразните бактерии на бирото. По оброкот отидете на прошетка од 20 минути, за да се зголемат нивоата на хормоните допамин и серотонин, по што ќе имате доволно енергија кога ќе се вратите на работното место.

15.00 Размрдајте се

Предолгото седење ќе предизвика замор. Покрај тоа, седењето без паузи ќе му наштети на вашиот грб. Затоа, често правете куси паузи за пиење вода.

17.00 Опуштете се

Не секогаш е возможно да заминете точно на крајот од работното време, но обидете се да ги завршите обврските барем приближно. Според сите студии, предолгото прекувремено работење може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

По 21 часот

За да имате енергија во текот на целото работно време, клучно е добро да се наспиете. И не важно тоа да биде доволно долго (8 часа), туку да биде и квалитетно. Обезбедете си добри услови и избегнувајте да заспивате со лаптопот во скут.