Нема производи во вашата кошничка.

Појадок пред или по вежбање?

До сега сигурно знаете колку појадокот е важен за регулацијата на метаболизмот, одржувањето на нормална телесна тежина, но и за здравјето воопшто. Но, дали терминот во којшто го јадете појадокот прави разлика? Доколку вежбате наутро, тогаш да.

До сега сигурно знаете колку појадокот е важен за регулацијата на метаболизмот, одржувањето на нормална телесна тежина, но и за здравјето воопшто. Но, дали терминот во којшто го јадете појадокот прави разлика? Доколку вежбате наутро, тогаш да.

Јадењето на појадокот по вежбањето веројатно е поумниот избор, според експертите. Во една нова студија која траела 6 недели, истражувачите ги поделиле испитаниците во три групи. Оние од првата група вежбале на празен стомак и појадувале потоа; тие од втората група појадувале пред да вежбаат, додека третата група испитаници појадувале без вежбање и служеле како контролна група.

За резултатите да бидат колку што е можно поочигледни, појадоците биле во просек по 675 калории, многу повеќе одошто просечниот човек јаде секојдневно.

Испитаниците што појадокот го јаделе пред да вежбаат, во шестте недели се здебелиле во просек по килограм и пол. Телесната тежина им се покачила и на оние што воопшто не вежбале, во просек преку 3 килограми. Но, оние што вежбале на празен стомак речиси воопшто не се здебелиле (важно е да се напомене дека сите испитаници јаделе исти оброци и во остатокот од денот).

Кога вежбате, во Вашиот организам се излачува адреналин, хормонот што помага во претворањето на масните наслаги во енергија. Но, ефектите од зголеменото ниво на адреналин се ублажува со излачувањето на инсулин, којшто се излачува за да помогне во варењето на храната.

Доколку вежбате наутро, појадувајте по вежбањето. Доколку не можете да издржите толку долго, тогаш поделете ја храната предвидена за појадок на два дела. Така ќе имате доволно енергија за вежбањето, но ќе ги избегнете и негативните ефекти од вежбањето пред појадокот.