Нема производи во вашата кошничка.

Подобрете си го расположението без храна

Намалувањето на телесната тежина не мора да биде безнадежен проект осуден на пропаст. Постои начин да ослабете и да ги спречите килограмите да се вратат. Клучот е да научите да си го подобрите расположението без храна.

1. Согорете ги калориите со смеа

Верувале или не, гледањето на омилената комедија може да ви помогне да го забрзате метаболизмот и да си го подобрите расположението. Последните истражувања покажаа дека еден час интензивно смеење може да согори онолку калории колку и половина час интензивно вежбање во теретана.

2. Гордејте се со сите ситни промени

Понекогаш сѐ што ни е потребно за мотивација се ситните нешта, малите промени кои настануваат како што напредуваме со слабеењето. Промената може да биде: старите фармерки кои повторно можете да ги облечете, бурмата која сега не ви го стега прстот, „спојлерите“ кои веќе не постојат итн.

3. Движете се дури и кога одмарате

Наместо несвесно да посегате по грицки додека гледате телевизија, размрдајте се за време на рекламите. Сите студии потврдуваат дека луѓето внесуваат запрепастувачки 40 проценти повеќе храна кога при јадењето имаат и некоја паралелна активност што им го одвлекува вниманието.

4. Запрашајте се - дали сте само жедни?

Кога ни е здодевно или сме анксиозни, најлесно е да посегнеме по првото парче храна што ни е при рака. Кога ќе тргнете кон кујната, запрашајте се дали стомакот има потреба од храна или пак сѐ е во умот. Понекогаш жедта се манифестира како глад, па затоа напијте се вода пред да седнете да јадете.

5. Сонцето прави чуда

Во зима, кога сонцето заоѓа многу рано, првото нешто што ни доаѓа е да побараме утеха во калориските бомби. Можете да се справите со нападите на глад со кратки прошетки на чист воздух во текот на денот, дури и ако е облачно или врнежливо. Комбинацијата на природна светлина и кратката физичка активност треба да биде доволна да го скроти гладот и да ве исполни со енергија.