Нема производи во вашата кошничка.

Подобрете го квалитетот на животот

Времето станува потопло, деновите се подолги, па имате чувство како природата да Ве повикува. Почетокот на пролетта е совршена шана за нов почеток и мотивација да се обидете со различни спортски активности. Веројатно имате пренатрупан работен распоред, но и неколку минути физичка активност во природа дневно, можат да направат значителна разлика.

Подобрете го квалитетот на животот со различни начини на вежбање во пролет

Времето станува потопло, деновите се подолги, па имате чувство како природата да Ве повикува. Почетокот на пролетта е совршена шана за нов почеток и мотивација да се обидете со различни спортски активности. Веројатно имате пренатрупан работен распоред, но и неколку минути физичка активност во природа дневно, можат да направат значителна разлика. Кога помислувате на спорт, веројатно првото нешто што Ви паѓа на ум е екстремен напор и исцрпување до крајни граници. Но, секоја спортска активност можете да ја адаптирате на Вашето ниво на фитнес, а кога тоа ќе го сторите, навистина ќе уживате додека ги добивате здравствените благодети.

Упорноста е клуч за успехот

Како и со секоја друга активност, упорноста е неопходна за успех. Поставете си цел којашто полесно можете да ја достигнете, бидејќи почетоците се најтешки. Откако ќе ја достигнете таа цел, потоа ќе бидете дополнително мотивирани за некоја повисока цел.

Колку физичка активност Ви е потребна?

Редовната физичка активност е важно, но исто така е важна и умереноста. Не претерувајте на почетокот, за да не се преоптоварите, што ќе доведе до демотивација. Постепено зголемувајте го времетраењето на тренинзите, како што ќе станувате посилни. Ако џогирате, 10 до 15 минути на почетокот ќе бидат доволни, а ако пешачите, правете го тоа најмалку половина час.

Обидете се со џогирање

Трчањето спаѓа во најнапорните, но истовремено и најздравите активности. При оваа активност се придвижуваат сите мускули, релативно бргу се изморувате и таа одлична за целокупното здравје. За редовно и квалитетно џогирање, мора да имате добра физичка кондиција, па затоа постепено зголемвуајте ги патеките и интензитетот на трчање. Не заборавајте да си обезбедите соодветна облека и патики.

Прошетките се одлична вежба

Пешачењето е омилена вежба на луѓето од сите возрасти, зашто е релативно лесна. Многумина пешачат до работа, а на пролет, често се случува да излезете само за да се прошетате. За вежбата да биде ефективна, треба да пешачите најмалку половина час, за да се подигне пулсот и да се разработат сите мускули.

Возење велосипед

Возењето велосипед исто така станува сѐ популарна вежба. Некои луѓе уживаат во екстремен маунтенбајк, други пак сакаат многу помирни и поопуштени патеки. Ако живеете во град, возењето велосипед е одлична вежба, затоа што не само што ќе си го подобрите здравјето, туку и ќе ги избегнете сообраќајните метежи.

Обидете се – нема да зажалите

Времето е топло, сите излегуваат на сонце, па така не е лоша идеја и Вие да излезете и да си одберете некоја физичка активност. Запомнете – не претерувајте на почетокот, а ако сте доволно упорни, ќе ги забележите ефектите од здравиот и активен животен стил за многу кусо време.