Нема производи во вашата кошничка.

Пилатес – физичка активност за убаво и здраво тело

Пилатесот се состои од приближно 100 вежби кои се наменети за затегнување на мускулите. Пилатесот е многу позната вежба и нуди многу придобивки за вас и вашето тело и душа. Зошто да не пробате нешто ново? Пробајте пилатес!

Пилатесот се состои од приближно 100 вежби кои се наменети за затегнување на мускулите.

Пилатесот е многу позната вежба и нуди многу придобивки за вас и вашето тело и душа. Зошто да не пробате нешто ново? Пробајте пилатес!

Пилатесот го измислил Џозеф Хуберт Пилатес, кој најпрво го именуваше Контрологија, бидејќи основата на пилатесот е внимателно контролирано дишење за контролирање на функционирањето на мускулите и координирање на движењата на целото тело. Соодветна техника на дишење која помага за зацврстување на стомачните мускули, а со тоа се овозможува опуштање на мускулите на грбот- болките во грбот најчесто се резултат на преоптоварување на овие мускули.

Ги затегнува мускулите кои ги игнорираме

Пилатесот најпрво ги затегнува малите, слабите и тешко достапните мускули, кои најчесто ги игнорираме правејќи други вежби, па затоа или не ги правиме точно или не ги правиме доволно. Тоа се мускулите кои помагаат да се одржи правилна и здрава поставеност на телото и да се одржува кардиоваскуларниот систем. Поради таа причина пилатесот се препорачува за секого, а посебно за оние лица кои се на рехабилитација по некоја повреда.

Пилатесот ве учи како правилно да ги користите мускулите

Несоодветните повторени движења за време на дневните задачи или спортските активности водат до несоодветна поставеност на телото, а телото тоа го прифаќа. Од таму, поправката на погрешната поставеност на телото е долготраен процес, но ако се потрудите процесот може да биде успешен. Пилатесот ве учи како да правите нови движења и како да ги подобрите старите-сето ова се пренесува во вашето секојдневие и спортските активности.

Редовен пилатес

  • Ви овоможува пофина и поздрава поставеност на телото
  • Ви помага да се ослободите од главоболките, кои настануваат како последица на неправилната поставеност на телото.
  • Визуелно ги зацврстува вашите стомачни мускули.
  • Се грижи за вашиот кардиоваскуларен систем.
  • Телото станува пофлексибилно.
  • Значително ги опушта мускулите во долниот дел на грбот.
  • Го подобрува дигестивниот систем, како и имунитетот.
  • Вашите движења стануваат поконтролирани и ја намалува можноста за повреди во другите спортски активности.
  • Ја подобрува координацијата на телото.

Има голем избор....

Постојат многу центри за пилатес. Разгледајте што најмногу ќе ви одговара. Најважно е дека вежбањето го надгледува искусен тренер и вежбањето не се одвива во преголеми групи, само затоа што од правилно направената вежба вашето тело има огромни придобивки. Местото во кое вежбате мора да биде добро проветрено и опуштено.