Нема производи во вашата кошничка.

Малку поинакви начини за откажување од никотинската навика

Дали повторно размислувате да се откажете од една од најлошите навики – пушењето? Сте се обиделе со многу стратегии, но на крајот повторно сте се фатиле за цигарите? Тогаш, обидете се со некоја од овие необични начини за откажување од пушење.

Дали повторно размислувате да се откажете од една од најлошите навики – пушењето? Сте се обиделе со многу стратегии, но на крајот повторно сте се фатиле за цигарите? Тогаш, обидете се со некоја од овие необични начини за откажување од пушење.

1. Заменете ја лошата навика со добра

Кога ќе почувствувате потреба за цигара, станете и направете неколку вежби за растегнување. Нема потреба од многу вежби, неколку минути ќе бидат сосема доволни. Ако сте на работа, можете брзо да одите низ ходниците или пак да се качувате по скали. Со само 10 минути физичка активност ќе се справите со потребата за цигара, а воедно ќе направите и нешто добро за своето тело.

2. Смирете се

За најголем дел од пушачите, цигарата е автоматски одговор на стресот. Најдете поприродни и поздрави начини за справување со стресот. Кога ќе се најдете во таква ситуација, истегнете се назад во столчето, опуштете се, затворете ги очите и дишете длабоко. Фокусирајте се на воздухот што ви ги исполнува белите дробови, до моментот кога веќе нема да чувствувате потреба за цигара.

3. Јадете темно чоколадо

Една од главните причини зошто е толку тешко да се откажете од цигари е тоа што пушењето ја менува перцепцијата на задоволство во вашиот мозок. Овој проблем може да се реши. Кога ќе почувствувате потреба за цигара, посегнете по парче темно чоколадо. Не само што ќе се справите со пушењето, туку темното чоколадо ќе го зголеми нивото на серотонин, хормонот одговорен за предизвикување добро чувство и намалување на стресот – двете главни причини поради кои пушите.

4. Најдете си работа

Кога копнеете по цигара, многу е тешко да се фокусирате на работата и да заборавите колку многу сакате да запалите. Пронајдете некоја задача што ќе ви го одвлече вниманието на подолго време, за потполно да заборавите на вашата претходна навика. Чистете по дома, организирајте ја колекцијата на дискови, преуредете го плакарот – која било активност што бара потполна посветеност на подолго време.

5. Мотивирајте се

Најдете добра причина зошто да се откажете од пушење. Дали сакате да го заштитите своето семејство од негативните последици на пасивното пушење? Сакате да се чувствувате подобро? Да изгледате подобро? Да ја зголемите физичката кондиција? Загрижени сте за здравјето? Секоја причина е добра, важно е само постојано да ја имате предвид. Добрата мотивација ја прави секоја задача многу полесна.

6. Обидете се повторно

Мора да имате предвид дека најголем дел од пушачите не успеваат да се откажат во првиот обид. Не се обесхрабрувајте ако потпаднете под искушението. Обидете се повторно и повторно. Запомнете – неуспехот во првиот обид не е краен неуспех. Крајниот неуспех е ако престанете да се обидувате!