Нема производи во вашата кошничка.

Ослабете за летото во само 5 недели

Ефектите од зимата нема да исчезнат сами, а сега имате едвај доволно време за да го зацврстите телото пред да започне сезоната на одмори. Потребни ќе Ви бидат 14 минути дневно и 6 едноставни вежби и за 5 недели ќе ја постигнете зацртаната цел.

Сите вежби се изведуваат по 8 пати, по што следува одмор од 10 секунди, па истата вежба во 7 повторувања, па 10 секунди одмор и сѐ така додека стигнете до едно повторување. За вежбите ќе Ви биде потребна аеробна топка и тегови со средна тежина (според Вашите способности). Топка-бариера

Застанете спроти ѕид, со топката притисната помеѓу долниот дел од грбот и ѕидот, стапалата раширени до широчина на колковите. Во двете раце држете тег, во височина на рамената. Одржувајте го контактот со ѕидот, исправувајќи ги рацете додека потклекнувате. Вратете се во почетната положба за да комплетирате едно повторување.  Вежба за раце

Застанете во почетна положба за склекови, со рацете во височина на рамената, потпрени на аеробната топка, колковите подигнати, нозете исправени зад Вас, потпрени на ножните прсти. Виткајте ги лактите и спуштајте ги градите до топката. Вратете се на почетната положба. Тоа е едно повторување. Стомак елиминатор

Легнете на грб, со колената свиткани во 90 степени, со листовите на горниот дел од топката, рацете од страна, дланките исправени. Стиснете ја топката помеѓу бутовите и листовите додека ги повлекувате колената кон градите, изведувајќи обратни стомачни вежби. Вратете се во почетната положба. Тоа е едно повторување. Вежба за бутовите

Застанете исправени, а топката нека Ви биде од десната страна. Подигнете ја ногата и поставете го стапалото врз топката. Во левата рака држете тег. Свиткајте го левото колено и потклекнете, посегнувајќи со тегот до коленото. Вратете се во почетната положба. Извежбајте ги повторувањата, а потоа почнете одново со спротивната нога. Вежба за грбот

Легнете со градите на топката, со рацете испружени напред, со по еден тег во секоја дланка. Нозете нека Ви бидат испружени наназад, малку пошироко од широчината на колковите, потпрени на ножните прсти. Стегнете ги мускулите на јадрото (стомачни, грбни, странични) додека го подигнувате горниот дел од телото од топката и ги испружувате рацете во Y форма на височина од рамената. Вратете се во почетната положба. Тоа е едно повторување. Супер стомачна вежба

Легнете со грб на топката, стапалата нека Ви бидат рамно поставени на подот, колената свиткани, со по еден тег во двете раце, со лактите свиткани до 90 степени. Стегнете ги стомачните мускули и со нивна помош подигнете се и истовремено исправете ги рацете пред себе. Вратете се во почетната положба. Тоа е едно повторување.