Нема производи во вашата кошничка.

10 заповеди за орална хигиена

Грижата за забите, непцата и јазикот е исклучително важна, не само поради одржување на блескавата насмевка, туку и поради целокупната здравствена состојба. Постојат 10 правила за орална хигиена кои треба да бидат сфатени како заповеди и никогаш да не се прекршат!

1. Избегнувајте шеќер и цигари

Ако на паузата за цигари се напиете и црн газиран пијалак, тоа претставува вистински шок за вашите заби. Не само што во газираниот сок има многу шеќер, туку содржи и состојки што ја нагризуваат глеѓта на забите. Цигарата ќе ја претвори белата нијанса во жолта, а ќе го зголеми и ризикот од рак на усната празнина. 2. Јадете храна што ги зајакнува забите

Млечните производи изобилуваат со калциум, кој ја зајакнува глеѓта. Кромидот пак, содржи сулфур, кој ги уништува бактериите што предизвикуваат кариес. Здивот можеби нема да ви мириса пријатно, но потоа можете да искористите гума за џвакање, која не само што ќе ви го освежи здивот, туку ќе спречи и создавање забен камен. 3. Не ги мијте забите веднаш по оброкот

Овој совет е комплетна спротивност на она што ни го кажуваа стоматолозите уште од детството, но последните истражувања покажаа дека четкањето веднаш по оброкот не само што ќе ги отстрани остатоците од храната, туку и дел од глеѓта. Не ги мијте забите најмалку половина час по оброкот. 4. Избелувајте ги забите двапати годишно

Само едно кафе на ден може да предизвика значително пожолтување на забите. Ако не можете да си дозволите професионално избелување, купете си домашен комплет за избелување, два пати во годината. 5. Чистете го јазикот

Ако имате непријатен здив, тоа значи дека веројатно постои напластување на бактерии на вашиот јазик. Наместо да ги миете само забите, купете си четка што на задниот дел има чистач за јазик и добро истријте го при секое четкање. 6. Покријте ја четката и чувајте ја на чисто место

Логично е четката за заби да се чува во бањата. Но, топлата и влажна средина е вистински рај за бацили. Затоа, по секое миење на забите треба да ја исплакнете четката со топла вода, а потоа да ја исправите во фиока или плакар, за целосно да се исуши. 7. Редовно менувајте ја четката за заби

Наједноставното правило вели дека треба да ја менувате четката за заби на секои три месеци. Ако случајно некој друг ја искористи вашата четка или пак четката не е доволно квалитетна и влакната побргу се извиткаат, заменете ја веднаш. 8. Посетете го стоматологот барем двапати годишно

Посетата на стоматологот не треба да биде резервирана само за моментите кога ќе ви се скрши пломба или ќе ве заболи заб. Треба да одите на редовни прегледи барем 2 пати во годината. Нешто може да не е во ред со забите уште пред вие да го забележите тоа. Па, за да бидете сигурни – проверете! 9. Користете конец барем 3-4 пати неделно

Чистењето на забите со конец не се прави за да ја исчистите храната. Со него се отстранува забниот камен, кој не само што го помага развојот на кариес, туку води и кон парадентоза, што е едно од најстрашните заболувања на непцата, со далекусежни последици. 10. Четкајте барем 2 пати дневно, по најмалку 2 минути

Четкањето на забите е убедливо најважното нешто што можете да го направите ако сакате да го одржите здравјето на забите и непцата. Потребно е да четкате по најмалку 2 минути, два пати во денот – еднаш наутро и еднаш пред спиење.