Нема производи во вашата кошничка.

Дали вашата омилена храна открива нешто за вас?

Многу од изборите што ги правиме во животот можат да ни кажат многу во врска со нашите личности и начини на живот, вклучувајќи ја и храната. Затоа  какво е значењето ако преферирате повеќе зачинета храна? Откријте ги одговорите на овие две прашања а и на многу повеќе долу...

Зачинета храна значи и зачинет живот?

Истражувањето покажува дека луѓето кои често јадат зачинета храна исто така сакаат да ги зачинат своите животи на различни начини. Со превземањето ризици, бавењето со екстремни спортови, секога трагајќи по нешто ново во животот и секогаш чувствувајќи потреба да прават нешто. Луѓето кои сакаат зачинета храна поради тоа преферираат акција наспроти пасивност, ново во однос на традиционалното. Дали ова ве опишува вас?

Слатка храна за сладок живот?

Не баш, како што стојат работите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои сакаат слатка храна често живеат во свет од фантазијата во своја креација,  понекогаш заборавајќи за реалноста. Луѓето кои обожуваат слатки се поради тоа многу често среќни, но другите луѓе често ги перципираат како неуспешни, чудни или дистанцирани. Ако обожувате сладолед, на пример, ова може да значи дека вие често наоѓате задоволство во малите работи дека понекогаш имате невин, детски поглед на светот.

Дали скарата е начин да се прават работите?

Луѓето кои сакаат месо се  генерално многу детерминирани, рационални, интензивни и понекогаш можат да бидат малку агресивни.  Но ако вашиот префериран начин на подготвување место е скарата, ова исто така укажува дека имате и практична страна, преферирајќи едноставност во однос на сложеност, природа во однос на урбано и уживање наспроти тешка работа. Но и покрај оваа желба за уживање во животот вие ги завршувате повеќето работи многу ефикасно кога е тоа потребно.

Дали е некој за зеленчук?

Ако сакате зеленчук во сите облици, бои и величини, вие не само што давате многу акцент на вашето здравје (што е очигледно), туку исто имате и понежна и почуствителна природа. Луѓето кои сакаат зеленчук се многу почесто алтруистични во однос на просечните луѓе, поминуваат повеќе време соочувајќи се со своите емоции и емоциите на луѓето околу нив, и сакаат нивните животи да бидат чисти, организирани и до одреденс тепен предвидливи.

Време е за смути, сок од овошја или шејк?

Луѓето кои сакаат ваков тип на храна често  живеат многу активни животи и се многу успешни во мултитаскинг.  Ова исто така ги прави да бидат навистина скапоцени за сите луѓе околу нив. Но, од друга страна, таквите луѓе често знаат да бидат многу тврдоглави, што прави животот со нив понекогаш да биде предизвикувачки.

Тестенини за доручек, ручек или вечера?

Луѓе кои сакаат тестенини знаат како да уживаат во животот и во просек можат да бидат посреќни од луѓето кои јадат здрава храна поголемиот дел од времето.  Но љубовта кон тестенините има и своја негативна страна. Љубителите на тестенини многу почесто го занемаруваат надворешниот свет и се фокусираат само на себе си и нивните најблиски.

Пица за доручек, ручек или вечера?

Што ќе добиеме ако замениме тестенини со пица?  Некое лице кое е склоно на зависности, но во исто време е многу дружељубиво. Љубителите на пица се типични екстроверти на кои не им смета да ги споделуваат своите најчични детали од нивните животи со останатите и се исто така многу директни кога комуницираат со други луѓе. Љубителите на пица лесно им станува здодевно и се осамени.

Дали има нешто специјално на менито?

Ако сакате да пробате нови видови храна, специјални видови храна кои повеќето луѓе не би сакале да ги јадат, како што се на пример полжави, змии или морски треви, тогаш вие сте некој кој сака да експериментира.  Вие имате потреба да пробате се што нуди животот,  што е голема работа за вас бидејќи ќе ги ширите своите хоризонти  и ќе ги искусите сите различни работи кои светот има да ги понуди. Меѓутоа, тоа понекогаш знае да биде предизвикувачки за вашето семејство бидејќи вам секогаш ви е потребно нешто ново за да ве преокупира. Вие тежнеете за промени повеќе од било кој друг и често влегувате во конфликти со луѓе кои имаат поинакви размислувања.

Суши?

Ако вашата омилена храна е суши, вие тежнеете за елеганција и удобност во вашиот живот. Ако всушност ги имате, тогаш вие можете да станете многу ефиксна, уредна и организирана личност . Но ако вашата моментална животна ситуација не ви дозволува многу елеганција и удобност, вие сте тогаш често незадоволни и конфронтирачки, а како такви често ве перципираат како досадна личност.

Каде би можел да најдам добар хамбургер?

Луѓето за кои идејата за добро гурманско јадење е сочен хамбургер се често дистанцирани и непристапливи, но во исто време се желни да помогнат, креативни се и снаодливи се.  Живото заеднос о луѓе кои сакаат хамбургери не е никогаш досаден, иако може да биде сосема предизвикувачки од време на време. Кога љубителите на хамбургери се фокусираат на нешто, тие се практично бескорисни за билошто друго.

Дали и можел да добијам грне на жар повторно?

Не се работи посебно за грнето на жар туку сите видови храна кои сметаат за вашето семејство, општество или окружување. Луѓето кои преферирааат традиционални, домашно зготвени јадења обично живеат традиционални животи.  Знаете: вредно работење, останување дома со семејството пред ТВ, за викендите патување некаде и ништо друго повеќето денови. Тоа е добар живот за живеење но понекогаш може да стане многу досаден. Луѓето кои сакаат традиционални јадења очигледно не сакаат многу промени во животот, па затоа често остануваат пасивни па дури и несреќни со нивната моментална животна ситуација.