Нема производи во вашата кошничка.

Обезбедете го домот од грип и настинки

Преодите помеѓу годишните времиња се најлоши кога станува збор за настинки и грипови. Тогаш мора да бидете највнимателни, но и да направите сè што можете да го обезбедите домот од незгодните вируси. Прочитајте како.

Прочитајте како да го обезбедите домот од грип и настинки во ладните денови

Преодите помеѓу годишните времиња се најлоши кога станува збор за настинки и грипови. Тогаш мора да бидете највнимателни, но и да направите сè што можете да го обезбедите домот од незгодните вируси. Прочитајте како.

Воведете правила за миење раце

За да спречите неконтролирано ширење на бацилите, воведете режим на миење раце во домот (ова е особено важно доколку имате помали деца или постари луѓе што живеат со Вас). Правилото мора да биде – миење на рацете при секое влегување дома, задолжително миење на рацете пред и по секој оброк и секојпат кога ќе кивнете во рацете.

Вакцинирајте се против грип

Ова не важи само за ранливите групи: деца, постари лица и лица со нарушен имунитет; доколку се дружите со луѓе од ризичните групи или пак имате деца кои одат на училиште, препорачливо е да се вакцинирате против грип.

Доколку сите во домот се заштитени, ќе имате добри шанси да ја минете целата зима без какви било сезонски болести.

Хранете се добро

Одржувањето на телото во добра состојба, со сите потребни хранливи материи, витамини и минерали, ќе придонесе во битката со настинките и вирусите што другите ќе ги рашируваат наоколу.

Избегнувајте физички контакт

Избегнувајте поздрави со бакнежи во образ, долги ракувања и сл. Секогаш со себе носете си влажни шамивчиња и кога ќе се поздравите со некој што мислите дека можеби е носител на вирус, избегнувајте допири на лицето или кој било друг дел од телото додека ги измиете рацете.

Наспијте се!

Еден од основните столбови на доброто здравје е квалитетниот сон. Кога спиете, телото се регенерира, а имунолошкиот систем се бори со вирусите кои се пренесуваат преку воздух. Колку сте поисцрпени и поистоштени, толку полесно вирусите на грипот и настинката ќе можат да Ве совладаат.