Нема производи во вашата кошничка.

Лоши навики од кои мора веднаш да се ослободите

Секој човек има повеќе лоши навики кои му наштетуваат на здравјето, но сепак, многу е тешко да се ослободиме од ваквите навики. Следниве неколку лоши навики се најалармантни и од нив веднаш мора да се ослободите.

Секој човек има повеќе лоши навики кои му наштетуваат на здравјето.

Секој човек има повеќе лоши навики кои му наштетуваат на здравјето, но сепак, многу е тешко да се ослободиме од ваквите навики. Следниве неколку лоши навики се најалармантни и од нив веднаш мора да се ослободите.

Грицкање мраз

Постои едно нарушување што вика пика, кое предизвикува желба за грицкање предмети кои не се храна, како што се хартија или мраз. Оваа состојба може да биде предизвикана од повеќе фактори, вклучително и недостиг од одредени хранливи материи, но и емоционални проблеми, како стрес и опсесивно-компулсивно нарушување. Згора на тоа, грицкањето мраз ги иритира сите луѓе околу вас. За да престанете, одлучете дека ќе нарачувате само пијалаци во кои нема мраз, а во исто време консултирајте се со матичниот лекар, за да проверите дали навиката се должи на некаков недостиг во организмот.

Подгрбавување

Кога сте подгрбавени при стоење или пак сте толку навалени во столчето што уште малку ќе паднете, мускулите и лигаментите го грбот мора да се постојано ангажирани, само за да ја одржите рамнотежата. Ваквата, постојана напнатост во грбот може да доведе до болки во грбот, хроничен замор, главоболки, но и посериозни состојби. Ослободувањето од оваа навика бара вежбање, без исклучоци. Кога стоите, постојано проверувајте дали рамената ви се исфрлени наназад и опуштени, градите подигнати нагоре и колената опуштени, а не стегнати. Кога седите, трудете се двете стапала да ви бидат поставени рамно на подот, а колковите во рамна линија со колената. Грбот мора да ви биде притиснат на наслонот од столчето, а горниот дел од грбот и вратот мора да се „удобно исправени“.

Гризење нокти

Оваа навика е крајно нехигиенска. Освен ако опсесивно ги миете рацете, бацилите што ви се пикаат под ноктите секогаш кога отварате врата, допирате тастатура, се фаќате за држат во автобус, ги притискате копчињата од лифтот, галите куче и сл., го наоѓаат својот пат до вашата уста. Ако имате навика да ги гризете ноктите до нервите, тогаш постои опасност да развиете и инфекција. Како што е случајот со многу други навики, гризењето нокти може да биде знак за емоционални проблеми, како стрес или анксиозност. За да запрете, можете да купите лак за нокти специјално дизајниран за оваа намена, со изразено горчлив вкус, кој ќе ве одврати од намерата, секогаш кога ќе ги допрете ноктите со кој било дел од устата. Препорачливо е да ги идентификувате причините, како што е на пример досадата и да преземете нешто околу тоа. Ако не можете сами, побарајте помош од психијатар.

Полноќно јадење

По 22 часот метаболизмот забавува, како подготвка за спиењето. Ако седнете да јадете во 23 часот, тогаш оргазнимот ќе треба да ја вари храната додека спиете, наместо да согорува масни наслаги. Јадењето доцна навечер може да ви предизвика потешкотии во стомакот, па дури и несоница. Размислете зошто јадете толку доцна. Дали внесувате доволно храна во текот на денот? Дали на менито имате доволно хранливи материи? Донесете одлука да не јадете ништо по вечерата. Ова ќе го постигнете многу полесно доколку оброците во текот на денот се позадоволителни.

Притискање на копчето „снуз“

Ако имате навика секое утро да го продолжувате алармот еднаш или двапати со притискање на копчето „снуз“, ви се зголемуваат шансите да задоцните и да немате доволно енергија, иако денот тукушто започнува. Неможноста да се одделите од креветот е знак дека не спиете доволно или доволно квалитетно, што може да доведе до цела низа здравствени проблеми, вклучително и здебелување и повишен крвен притисок. Важно е секој возрасен човек да спие околу 8 часа. Затоа, одредете го точното време кога сакате да станете (не времето кога сакате првпат да го притиснете копчето „снуз“) и бројте 8 часа наназад. Тогаш мора да легнете да спиете. Исто така, избегнувајте електронски уреди во спалната, бидејќи тие ќе го нарушат нормалниот циклус на спиење.