Нема производи во вашата кошничка.

Намалете ги килограмите и одржувајте ја линијата

Намалувањето на килограмите не е лесна работа, но е многу полесна за разлика од нејзиното одржување. Додека диетите се вистинско измачување, можеби ќе ви биде утеха дека за многу кратко време ќе постигнете одлични резултати.

Одржувајте ја линијата со овие 4 едноставни совети

Одржувањето на телесната тежина е долготраен процес кој понекогаш изгледа невозможно. Дали сакате да дознаете како сето тоа може да функционира?

Совет 1: Вежбањето треба да биде дел од вашето секојдневие

Ако помислите дека вежбањето ќе ви помогне да ги намалите килограмите, веројатно ќе размислите за него. Клучот до одржувањето на здраво и привлечно тело е секојдневното вежбање – на еден или друг начин како дел од вашето секојдневие. Не треба да имате изговори, ниту пак исклучоци.

Како ова може да функционира?

Знаеме дека секојдневното вежбање може да биде тешко и напорно – затоа е многу важно вежбањето да биде дел од вашата секојдневна рутина. Не мора да одите секој ден во фитнес салите, вашето секојдневно вежбање може да биде едноставно како одење пешки до работа, чучнувања пред ТВ навечер или играње со вашето куче во дворот.

Совет 2: Ограничете ги лошите навики што е можно повеќе

Тешко е да држите диета, бидејќи најчесто тоа значи дека треба да се прегладнувате со денови или недели – но знаете дека на тој временски период ќе му дојде крај и вие повторно ќе можете да јадете што ќе сакате. Па, тоа не е сосема точно. Здраво и среќно тело е резултат на здрави навики за исхрана, што значи дека ќе треба да се придржувате до едноставен и лесен план за исхрана ако сакате да ја задржите витката линија.

Како ова може да функционира?

Тешко ќе ви биде од помислата дека треба да се откажете од палачинки, сладолед и пржени компирчиња до крајот на животот, но имајте на ум дека не треба засекогаш да се откажете од вашата омилена храна – она што треба да го направите е да ја ограничите. Секако дека ќе можете од време на време да го јадете она што го сакате, но исто така ќе треба да се придржувате до поздравиот избор на храна поголем дел од времето. За да ви биде полесно, пробајте и откријте што е можно повеќе поздрави оброци – сигурни сме дека ќе најдете вкусни рецепти.

Совет 3: Однапред планирајте ги вашите оброци

Една од навиките која ја имаат луѓето со вишок килограми е тоа дека не планираат однапред - тие не знаат што ќе јадат во текот на денот, па кога ќе ги нападне гладот тие ќе го каснат првото нешто што ќе го видат. Тоа најчесто е чоколадо, сендвич или хамбургер со многу помфрит. Тоа се лоши опции – а вистината е дека тешко може да најдете здрава ужинка доколку однапред не го испланирате оброкот.

Како ова може да функционира?

Планирањето на оброците може да изгледа како нешто што ќе ви одземе многу време и енергија, но вистината е дека всушност ќе заштедите многу време. Единственото нешто што треба да го направите е еднаш недело да испланирате што ќе јадете во текот на неделата и да го подготвите однапред она што можете. На тој начин кога ќе стигнете дома гладни, ќе имате што да јадете и нема да посегнете по нездрава храна. Едноставно е нели?

Совет 4: Најдете некој со кој ќе може да го споделите новиот начин на исхрана

Вистинските луѓе може значително да влијаат на вашиот живот, па затоа е многу важно да бидете опкружени со лица кои го поддржуваат вашиот начин на исхрана. Ако вашите пријатели постојано излегуваат и пијат пиво, тие нема да имаат позитивно влијание и за кратко време ќе им се вратите на старите навики – и на килограмите.

Како ова може да функционира?

Најдете некој кој ги има истите цели и кој е посветен на она што го прави. Може да биде вашиот партнер, сестра, брат, ваш пријател, колега или пак вашиот сосед. Не можете да се сетите на некој кој може да ви помогне? Можете на пребарате разни форуми на интернет каде можете да разговарате со лица кои водат здрав начин на живот, бидејќи ќе ви треба огромна поддршка.