Нема производи во вашата кошничка.

Намалете ги маснотиите во исхраната

Скусувајќи по малку од секој вид храна и од секој оброк можете значително да го намалите количеството маснотии што го внесувате во организмот.

Скусувајќи по малку од секој вид храна и од секој оброк можете значително да го намалите количеството маснотии што го внесувате во организмот.

Обезмастете ја пицата

Секогаш нарачувајте пица со доматен сос, наместо со кечап. Дополнително, барајте нискомастен кашкавал. Ако јадете пица со моцарела, тогаш намалете го количеството за една третина и ќе намалите дури 20 грама масти.

Нарачајте крупен помфрит

Ако сте зависник од помфрит, тогаш секогаш нарачувајте крупен помфрит. Големите парчиња компири впиваат далеку помалку масло одошто нормалните компири за пржење, така што ќе внесувате и помалку масти.

Омекнете го путерот

Кога мачкате путер или маргарин на леб, претходно омекнете го на собна температура или пак во микробранова печка. Многу е веројатно дека на тој начин ќе намачкате една третина од вкупниот број калории и масти.

Ладете ги конзервите

Ставајте ги во фрижидер конзервите со месо, супа и секој друг прехранбен производ којшто содржи масти. Тие ќе се подигнат на површината, па кога ќе ја отворите конзервата, ќе можете едноставно да ги отстраните.

Растворајте ги овошните сокови

Иако овошните сокови се здрави, тие сепак содржат значителен број калории. Во сокот од брусница и грозје, на пример, има 275 калории во половина литар. Додадете уште толку вода и на тој начин добивате литар сок, за истите калории, а разликата едвај ќе можете да ја почувствувате.

Ставете масло на компирите

За да ги намалите маснотии, со четкичка премачкајте го печениот компир со малку маслиново масло, наместо вообичаените путер или кисела павлака.