Нема производи во вашата кошничка.

Најздравите навики на светот

Загрижени ли сте за вашето здравје? Секако дека имате добра причина за тоа – стресот, недоволното вежбање, нездравата исхрана, грижите. Обидете се со некои од следните навики кои полека ќе ве вратат на здравиот начин на живот.

Загрижени ли сте за вашето здравје? Секако дека имате добра причина за тоа – стресот, недоволното вежбање, нездравата исхрана, грижите. Обидете се со некои од следните навики кои полека ќе ве вратат на здравиот начин на живот.

Пијте многу вода

Знаете дека дневно треба да пиете најмалку 8 чаши вода, но и избегнувајте да пиете нешто друго - заборавете на соковите, пијте само вода, чај без шеќер и од време на време свежо исцеден сок.

Јадете три оброци дневно

Доколку сте навистина зафатени, тогаш најверојатно немате доволно време да јадете редовно што значи дека по цел ден јадете кроасани, грицки и чоколади. Престанете да си го правите тоа себеси. Не само што ќе се здебелите, ваквиот начин на исхрана ќе ви го уништи метаболизмот и ќе ви предизвика сериозни здравствени проблеми.

Гледајте што јадете

Не се работи секогаш за количината на храна која ја внесувате и времето во кое јадете – најчесто проблемот е во тоа што јадете. Обидете се да ги избегнувате вештачките состојки, односно јадете што е можно повеќе домашна и свежо подготвена храна.

Во моментот шејковите се навистина многу популарни – подготвувајте ги сами со NutriBullet.

Благото нека ви биде награда, а не навика

Дали имате навика секој ден после ручек или навечер додека гледате телевизија да јадете нешто благо? Доколку е така, веднаш ослободете се од оваа навика. Намалете ја количината на шеќер која ја внесувате – благите нека ви бидат награда. Првите неколку дена ќе бидат многу тешки, но потрудете се да ги поминете и резултатите ќе бидат очигледни.

Шетајте секој ден

Немате доволно време за вежбање: ние ве разбираме, но истовремено сигурни сме дека 30-минутната прошетка можете да ја вметнете во вашиот дневен распоред. Пешачете до работа, за време на паузата или до продавница..

Употребата на вашите нозе како превозно средство не само што е многу здраво, туку е и навистина евтино. Доколку ви фалат вистинските обувки, тогаш тука се Вокмакс.

Одморете се убаво

Сонот е еден од најважните аспекти од вашето здравје и истовремено најпотценетиот. Кога сте премногу зафатени најчесто го кратите времето за спиење што е навистина многу погрешна одлука. Редовниот сон ќе ве одржува здрави, среќни и активни.

Сепак, доколку нешто ви прави проблеми во спиењето, тогаш време е да ги погледнете нашите производи за квалитетен и здрав сон – посетете не на www.dormeo.com.mk.

Смејте се што е можно повеќе

Можеби ви звучи смешно, но смеењето е еден од најдобрите лекови. Позитивниот став кон работите е многу важен – дури и кога работите не се одвиваат онака како што сте планирале. Најдете нешто позитивно во се што ви се случува и вашиот живот ќе стане многу подобар, поздрав и посреќен.